Македонија
Утре умерено облачно време, од понеделник дожд

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со повеќе сончеви период во северните делови. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува умерен, а попладне особено долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми. Во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.
Преку ноќта кон понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Во понеделник преку денот врнежите ќе се прошират насекаде и во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).
Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Во „Мериот“ бевме на настан организиран од шведска фондација

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела биле на настан во хотелот „Мериот“, организиран од страна на шведската фондација „Јарл Халмарсон“. Ова го образложи опозициската партија откако, претходно, Стефан Васев од СДСМ, рече дека во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во овој хотел. Васев го повика Мицкоски да одговори дали во „Мериот“ остварувале средби со осудениот Сашо Мијалков.
„Ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже“, велат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека единствената средба за која знааат е таа на Зоран Заев и Сашо Мијалков, каде Заев му ветувал слобода, а за возврат барал креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница. Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков. Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни“, додаде ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Македонија
СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со Бугарија.
„Нашите ставови се различни од оние на господиниот Георгиевски“, изјави пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, прашана кој е ставот на партијата за тезите на нивниот коалиционен партнер и дали ове точки се прифатливи за владеачката партија.
Таа рече дека СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани позиции околу ова прашање. Партијата е отворена за дијалог и изнаоѓање на решение со Бугарија, меѓутоа, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор.
„Ниту се разговарало, ниту пак, во иднина ќе се разговра за јазикот и идентитетот. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки“, рече пратеничката.
Георгиевски претходно изнесе план во 5 чекори за решавање на спорот со Бугарија. Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
Македонија
Фатени двајца Британци со лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Двајца Британци се приведени на скопскиот аеродром, бидејќи приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Станува збор за лицата В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија, соопшти МВР.
Тие се предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран