Македонија
УХМР: Охридско Езеро шест сантиметри над минимумот, водостоите на реките под просекот за март

Според последните мереа, нивото на водата во Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум од 693.10, информираат во неделата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според тоа, по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на февруари, до денеска нивото на водата во езерото се зголемило за 10 сантиметри.
Според УХМР, водостоите на реките се под просекот за март. Водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и на другите мерни места по течението на Вардар.
Кај другите реки кај коишто се мери водостојот, забележана е слична состојба, а најголемо отстапување од просекот има кај Црна Река, на мерното место Новаци, каде што водостојот е понизок за еден метар и седум сантиметри од вообичаениот.
Инаку, на крајот на јануари нивото на Охридското Езеро беше минус 11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или минус 7 сантиметри од најниската кота, што значеше дека тогаш дури за 4 сантиметри нивото беше пониско од минимумот. Еколозите неколкупати предупредуваа на штетните последици од нискиот водостој на Охридското Езеро../крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре во центарот на Скопје посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во официјалана посета на Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. Каталин Новак.
Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од полицајците од граничниот премин „Деве Баир“ – ја нема објавата. На неговиот профил на „Фејсбук“, не може да се најде статусот на кој во црвен круг беше заокружен еден од полицајците на границата.
„Макфакс“ упати четири прашања до Стојанов кого го прашавме дали го дознал идентитетот на полицаецот, зошто му била потребна оваа информација, дали дал 200 евра за оваа информација, но и зошто го избришал статусот од социјалната мрежа „Фејсбук“. До моментот на објавување, не добивме одговор на ниту едно прашање.
Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.
Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.
Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.