Македонија
Уште десет дена трае конкурсот за наградата „13 Ноември“ на Град Скопје

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во јуни го распиша конкурсот за доделување оваа награда за 2018 година и ги потсетува граѓаните дека тој и натаму е во тек, заклучно со 10 септември.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.
Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности, што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на град Скопје.
Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година, (архива, барака број 16, на Град Скопје, бул. „Илинден“ бр. 82, Градски парк).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне снег, попладне намалување на облачноста

Времето денеска е облачно, на повеќе места со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер, измерените брзини се од 40 до 80 километри на час.
Управата за хидрометеоролошки работи јави дека кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува.
Максималната температура ќе достигне од минус 5 до 2 степена. Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи до минус еден степен.
Од утре следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.
Македонија
Забрана за камиони на повеќе патни правци поради снегот

На повеќе планински превои и патишта воведена е забарана за движење на товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Забраната е воведена на магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир, патниот правец Маврово-Дебар, Битола-Ресен пресен планинскиот премин Ѓавато, ГОстивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Македонија
Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од
одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот кривичен суд поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.
Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, ја презакажа седницата за денеска бидејќи вчера за збор се пријавиле повеќемина говорници.
Вељаноски заедно со ексминистрите од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанкиески и Спиро Ристовски, во средата беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, а на поранешните министри Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка 30-дневен притвор.
Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на парламентот. По добиенот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа