Македонија
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга
Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион.
Потресот е регистриран во 00.48 часот, а потекнува од епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга.
Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и во блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
