Контакт

Македонија

Уште 7 лица од заводот „Бања Банско“ добија топол дом

Објавено пред

Уште седум лица од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ добиваат топол дом. Министерството за труд и социјална политика обезбеди 4 станбени единици во Струмица кои се целосно прилагодени за нивните потребите. Се работи за корисници кои изразија желба да ја напуштат установата и по 20-30 години сместени во неа ќе продолжат да живеат самостојно.

„Им честитам на жителите на новите станови за нивната желба, упорност и храброст што ја донесоа оваа одлука и да продолжат да живеат самостојно, а ние сме тука да ги поддржиме во нивните намери. Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Сакам да се заблагодарам и на УН-агенциите кои максимално се вложија ова денеска да стане реалност, како и до вработените и раководството на Заводот за рехабилитација, кои од самиот почеток се вклучени во овој процес“, истакна Царовска.

Становите се адаптирани согласно индивидуалните потреби на корисниците и опремени со потребната опрема и мебел, која целосно е избрана од самите корисници. Како поддршка на независното живење обезбедена е услугата лична асистенција, а ќе биде дополнително ангажиран и негователски кадар.

„Претставува огромно задоволство да се види дека процесот на деинституционализација напредува толку добро во изминатиот период. Искрено ја славиме и честитаме за посветеноста на Министерството и на целата Влада во спроведувањето на овие реформи. Потребни се многу напори и посветеност за да се осигура дека лицата со попреченост може да ги реализираат своите права да живеат независно и да бидат вклучени во заедницата. Затоа, сакам да ги уверам Владата и заедницата дека целото ОН семејство е достапно и одлучно да ја обезбеди сета неопходна поддршка за во овој процес никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН).

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, рече дека денеска Струмица е сведок на процесот на деинституционализација на овие институции и според него овој концепт дава една голема можност за корисниците да ја покажат својата индивидуалност, креативност, можност да делуваат на општеството.

„Ние како општина ја поддржуваме оваа активност, бидејќи мислам дека тоа е еден напреден и визионерски концепт кој верувам дека целосно ќе успее. На овие први, храбри пионери коишто еве ќе ги почувствуваат благодетите на овој проект им посакувам многу здравје и успех, да го искажат сопствениот потенцијал за да видиме што тие можат кон општеството, а не што не можат. Општина Струмица им стои на располагање, можат да сметаат на нашата поддршка како досега така и понатаму, за да може овој процес да успее максимално”, изјави Јаневски.

Првите корисници кои излегоа од заводот „Бања Банско“ се Фанка и Јонче, кои сега живеат самостојно, имаат личен асистент и ги добиваат сите потребни услуги. Во моментот се подготвува преселба на дополнителни 4 корисници од „Бања Банско“, за кои веќе е потпишан преддоговор за адаптација на куќа согласно со потребите на корисниците. Во наредниот период во соработка со УНДП и локалната организација „Избор” Струмица ќе почне со работа и центар за рехабилитација на лица со попреченост, кој дополнително ќе даде поддршка на овие лица во зајакнување на нивните работни потенцијали.

Македонија

Спасовски на меѓународна конефернција во Будва

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска учествува на меѓународната конференција на тема „Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција: справување со предизвиците кои произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човечки права и други институции при Советот на Европа” што во организација на Советот на Европа денес се одржа во Будва, Република Црна Гора.

„Република Северна Македонија во последниве две години направи низа важни чекори кон усогласување со стандардите на ЕУ. Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена и реформите ја подобрија усогласеноста со европските стандарди за човековите права. Владата на РСМ јасно ја демонстрираше својата волја и решителност да ги спроведе и препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура и да направи напредок во спречувањето на тортура и малтретирање. Северна Македонија е докажан партнер на меѓународната заедница и ЕУ. Континуирано учествуваме во работата на меѓународните тела и организации, сите регионални и европски иницијативи поврзани со борбата против криминалот, заштитата, промоцијата на човековите права и изградбата на здрави, демократски општества. Решени сме и во иднина да продолжиме во тој правец, давајќи максимален придонес и во меѓународните иницијативи на ова поле, а со примарна цел за уште поефикасни заштита на човековите права и особено спречувањето на злоупотребите при постапувањето од страна на полицијата“ рече Спасовски. 

Тој посочи низа од досега реализираните проекти и активности на  полицијата од областа на регулацијата на полициското постапување, притоа особено фокусирајќи се на тесната соработка со Советот на Европа, особено во делот на изработка на стандардни оперативни процедури на полициско постапување согласно полициските стандарди на ЕУ и стандардни оперативни процедури за внатрешна контрола на полициските прекорачувања и незаконски постапувања.

“Во оваа прилика сакам да истакнам дека од септември 2016 година се отпочна со имплементација на проектот “Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“ кофинансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа чија што, пак, основната цел  беше да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам. Во рамките на овој проект, беше избран двостепен модел на надворешна контрола т.н. „Обвинителство плус” кој предвиде воспоставување на посебно одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, специјализирано за кривични дела сторени од страна на вработени во МВР со полициски овластувања и од припадници на затворската полиција. Како и посебно надворешно тело (тело за граѓанска контрола или модел „Народен правобранител плус“), во смисол на дополнителен коректив, со надлежност да покренува постапка по барање на странката-жртва или на член на неговото семејство, или по иницијатива на претставници на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас) за можни повреди на правото на живот и забрана на тортура“, потецираше министерот Спасовски.

Во тој контекст Спасовски нагласи дека од декември 2018 година отпочна со работа Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција кое е позиционирано во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Притоа тој посочи дека сиот овој механизам за надворешен надзор веќе дава резултати, илустрирајќи дека веќе во првите три месеци од своето формирање, наведеното Одделение постапуваше по предмети против 15 лица, од кои, против две лица е покренат обвинителен акт и за две лица е одреден притвор. 

На конференцијата покрај претставници на Советот на Европа и Европската унија присуствуваа претставници од земјите од регионот на југоисточна Европа.    

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Објавено пред

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за пристапни преговори.

Лидерите на ЕУ рано утрово ги прекинаа разговорите без договор за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, без многу оптимизам дека цврстиот став на францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да се промени.

„Ние не постигнавме заклучок за ова денес, но утре ќе продолжиме да разговараме за тоа“, изјави финскиот премиер Анти Рине, чија земја моментно го има претседателството со ЕУ.

На прашањето за шанса да се најде компромис, тој рече дека не е сигурен дека е можно, но се надева дека може да се постигне договор.

Двете балкански земји се очекуваше да добијат зелено светло на самитот за да започнат преговори за пристапување кон ЕУ, а Европската комисија потврди дека ги имаат исполнето критериумите, потсетува агенцијата АП.

Макрон одби да дозволи ниту една нова земја да влезе во ЕУ се додека не се подобрат процедурите за проширување, додека Холандија се спротивстави на кандидатурата на Албанија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температури до 30 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб ветер од јужените правци. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13 а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и в сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија53 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет2 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа3 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет18 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион19 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија21 час

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија21 час

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ23 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие