Контакт

Македонија

Фаик Арслани е избран за в.д. претседател на Врховниот суд

Објавено пред

Врховниот судија Фаик Арслани е избран за в.д. претседател на Врховниот суд, откако претходно Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Арслани е роден во 1959 година во селото Добридол, Гостиварско. Студиите ги завршил на Правниот факултет во Нови Сад во рамки на Југославија.

Во неговата биографија стои дека бил вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар, по што работел и како претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар.

Од 1996 година до 2001 година бил судија при Основниот суд Гостивар. Во следните две години е назначен за министер за локална самоуправа при Владата, а потоа до 2008 година работи како адвокат со седиште во Гостивар. Од 2008 година Арслани е член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со одлука на Собранието. Од септември, две години подоцна работи како судија на Врховниот суд на Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Објавено пред

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“.

Протестот ќе се одржи пред Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден за пауза од 11 до 11.30 часот.

„Ова е „жолт картон“, ако не се промени нешто и не се подобрат условите во кои работиме, а работиме во субстандардни услови, ние уште под закана од тупаници да носиме одлуки за нечиј живот, тоа го нема никаде. Затоа реагираме дека сме мета на определени општествени структури кои револтот го насочуваат кон здравствениот персонал. Ние немаме спонзори, ова е од ентузијазам, со цел да се подобри статусот на здравствениот персонал. Ние сме волонтерско здружение, кое има желба за подобро нешто“, велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температури до 35 степени

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде сончево, а преку денот и понатаму многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири по должина на Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 27 до 35 степени. Поради високите температури утре на југоистокот ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Во Скопје утре претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе почне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 29 степени.

В четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. В петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода корисниците од населбата 11 Октомври

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-80мм на улицата Лазар Димитров, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбата 11 Октомври во време од 9 часот до завршување со активностите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Протест на лекарите поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работнициденеска ќе протестираат, по неколкуте напади врз доктори и медицински сестри што се случија неодамна. Протестот е...

Свет32 минути

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија,...

Свет41 минута

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет12 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт13 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион14 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија15 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија17 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија19 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија19 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија20 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија22 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет23 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет24 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет24 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија1 ден

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија1 ден

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет1 ден

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Досие