Контакт

Македонија

ФДМ е против измените на Изборниот законик

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија (ФДМ), заедница на иселеници од Република Македонија, е против предлог-измените на Изборниот законик, кои, според нив, не одат во прилог на демократските процеси во Република Македонија.

„Со предлог-измените во Изборниот законик со кои се предвидува именување на членовите на Државната изборна комисија со просто наместо двотретинско мнозинство, владејачкото мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, создава нов преседан и се продолжува праксата на заобиколување на демократските процеси. Опозицијата, пак, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покаже конструктивност, наместо блокирање на изборот на Државната изборна комисија. Прашањата од долгорочно значење за државата и граѓаните не смее да се сведе на блокирање клучни процеси заради теснопартиски интереси“, велат од ФДМ.

Според нив, менување на Изборниот закон и блокирање на институциите не се дел од позитивната листа за подготовка на фер референдум.

„Во историски моменти за Македонија политичките лидери треба да покажат зрелост, лидерство и одговорност во интерес на македонските граѓани. ФДМ очекува да се спроведе референдум за промена на името на кој сите граѓани ќе имаат можност да учествуваат во носењето на најважната политичка одлука од осамостојувањето до денес. Одлука не само за денешната, туку и за сите следни генерации“, се вели во соопштението на ФДМ.

Македонија

Почнува есента, од утре заладување за 10 степени

Објавено пред

Од

Упвата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето, заладување за дури 10 степени и силен ветер. Промените се очекува да се случат утре попладне, кога студена воздушна маса ќе се пробие од север и ќе ги намали температурите.

Се очекува северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, што ќе ја зголеми облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава и ќе донесе нагло заладување ноќта и во наредните денови.

Од УХМР најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но со силен северен ветер и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно ќе се намали и утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 3:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент. Тој најави казни за секаков обид за спречување на правото на глас.

„ Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, рече министерот Спасовски.

Тој потсети дека правото на глас е неприкосновено и нагласи дека тајноста на гласот е гарантирана.

„ Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември. Секој граѓанин да гласа по сопствено убедување и по сопствена волја. Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, вели министерот Спасовски.

Референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе се одржи следниот викенд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорчев на средби со Републиканската партија и ИРИ во САД

Објавено пред

Од

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев учествува на конференцијата на глобалната организација на десниот центар ИДУ која што се одржува во САД, каде што се домаќини Републиканската партија и Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

За време на конференцијата, Ѓорчев се сретна со Стивен Харпер, претседател на Меѓународната демократска унија (ИДУ) и поранешен премиер на Канада, чија што влада во 2007 година ја призна Република Македонија под уставното име.

Ѓорчев се сретна со Пол Неринг, директор на меѓународните програми на Лидершип институтот, близок до Републиканците и ИРИ. Неринг во 2016 година беше портпарол на претседателската кампања на сенаторот Тед Круз, а пред тоа беше шеф на Републиканската партија во сојузната држава Калифорнија. Воедно, Ѓорчев се сретна со Кристофер Фуснер, шеф на Републиканците во странство и главен претставник на Републиканската партија во ИДУ, каде што ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка.

,,На средбите Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелните случувања во Република Македонија, особено во делот на економските проблеми, политичкиот прогон и нарушената слобода на медиумите”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИДУ е најголемата светска организација на десниот центар, во која членуваат околу 100 политички партии со конзервативна и народна ориентација. ИДУ беше формирана во 1983 година од Роналд Реган, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и другите лидери на десниот центар од тоа време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 час

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ2 часа

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет2 часа

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа3 часа

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија4 часа

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава7 часа

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Култура16 часа

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа19 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија21 час

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет23 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија24 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија1 ден

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ1 ден

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток2 дена

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток2 дена

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Досие