Контакт

Македонија

Фетаи до Груевски: Многу сте расположен со оглед на тоа дека ви се ближи времето

Објавено пред

Груевски на денешното рочиште за шлаканиците во Центар коментира дека обвинителката Фетаи зборувала без да добие право на збор по што се насмеа кога судот рече дека таа е обвинител и ѝ е дозволено да говори во оваа фаза.

На ова експремиерот се насмевна по што обвинителката му се обрати со зборовите:

„Многу сте расположен со оглед дека ви се ближи времето“, рече Фетаи по што настана вербална расправија кога обвинетиот Груевски ѝ рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение.

По ова, обвинителката Фетаи рече дека поминало времето кога никој не смеел да му возвраќа на Груевски.

Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите“.

Следното рочиште е закажано за 16 октомври, каде што како сведок е повикан актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ.

Виктор Јованов

 

Македонија

„Новогодишна Зоо бајка“ во Зоолошката градина во Скопје

Објавено пред

Овој викенд, во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- „Новогодишна Зоо Бајка“.

Од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата денови. Во сабота и недела од 12 часот е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.

За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимираните филмови „Зоотопиа“ и „Фрузен“. Влезниците се по цена од 100 денари, за деца и возрасни, и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Четворица Авганистанци затекнати при растовар на камион

Објавено пред

(Фото – илустрација)

Четворица државјани на Авганистан биле пронајдени во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, соопшти полицијата.

Возилото било сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М.(49) од Гевгелија.

Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарел во Бурса – Турција. Возачот при разговорот со полицајците, посочил дека пред четири дена го однел возилото на царина во Бурса, и додека бил таму и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран.

Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Објавено пред

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, по донесувањето на Законот за амнестија во Собранието.

„’Ќе си лежите!’ Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда! Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните. Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ. Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода. И така, борбата продолжува!“, напиша Пировска на „Фејсбук“.

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците вчера го донесоа Законот за амнестија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да...

Европа1 час

Постигнат договор во ЕУ: Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската Унија постигна договор за забрана за користење на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии и сламки,...

Топ2 часа

Полицаец загина во железничка несреќа кај Маџари

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје....

Свет2 часа

Трамп формираше вселенска команда во Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп формираше вселенска команда во рамките на Пентагон со цел подобро да ги организира и да...

Македонија2 часа

Голем одрон на патот Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

Поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку...

Свет13 часа

Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп

Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си....

Македонија17 часа

Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците,...

Македонија18 часа

(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија19 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија20 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања20 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија20 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија20 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија22 часа

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток22 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ22 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија23 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ23 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Досие