Македонија
(Видео) Филипче: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините против коронавирусот се безбедени, дека се развиваат на веќе проверени платформи и дека истите се единствен начин да се победи пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира од 60% до 70% од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.
„ Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите” истакна Филипче.
Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Oд утре (26.01.2021 година) почнува етапната исплата на јануарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
„ Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи“ соопшти МТСП.
Министерството укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Оттаму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Македонија
Заев: По повеќе од десет години учениците од ОУ „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром имаат современа спортска сала

Претседателот на Владата Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ја пуштија во употреба новата спортска сала во рамки на ОУ „Вера Јоциќ“, во населба Хиподром, Општина Гази Баба.
Во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици.
„ Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на училиштето. Повеќе од 10 години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост. Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое беше завршено оваа година низ неговите ходници се исполни џагорот на децата, на радост на нивните родители и на другите граѓани на општината“, информираше премиерот Заев.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски, новата сала има целосна спортска опрема, реквизити, соблекувални со санитарни јазли и туш кабини. Ова е енергетски ефикасен објект поврзан и на топловодната мрежа.
„ Гази Баба во едно минато време беше целосно заборавена од институциите, но сега имаме сигурен партнер во Владата, со која работиме заедно во интерес на граѓаните. Како градоначалник на Општина Гази Баба сум благодарен на големата поддршка која општината ја има од страна на Владата во реализација на зацртаните проекти“, заклучи градоначалникот Георгиевски.
Заев нагласи дека една од стратегиските определби на Владата е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност.
„ Повеќе од десет години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост“ рече Заев.
Тој додаде дека заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000 домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други населени места.
Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години.
Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните како што се намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето.
Македонија
Преку ден претежно сончево и топло, вечер дожд и снег

Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 25 л/м2) на планините од снег. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот