Контакт

Македонија

Филипче ги посети студентите од шеста година на општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во ИЈЗ

Објавено пред

Министерот Венко Филипче ги посети студентите од шеста година на општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје.

Речиси 40 студенти се вклучени во овој проект, и тоа покрај Институтот за јавно здравје и во Државниот санитарен инспекторат, и во Центарот за јавно здравје во Скопје. Во наредните недели во согласност со потребите дополнителен број студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје во земјата. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на позитивните пациети на Ковид-19.

„Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот што ќе следува. Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје“, изјави Филипче.

Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Соња Топузовска, на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре без вода делови на Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод информираат дека најавениот прекин во водоснабдувањето на ул.Роза Луксембург 19 (за ден 25.11.2020 среда), односно санацијата на дефектот се одложува за утрешниот ден (26.11.2020 четврток).

Поради уличен дефект на цевка со пречник од Ф 80мм на ул.Роза Луксембург помеѓу бр.17 и 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Роза Луксембург, дел од Петар Поп Арсов, дел од 9-ти Мај, дел од Христо Смирненски, дел од Митрополит.Т.Гологанов, дел од Костурски Херои, дел од Борка Талевски и дел од Диме Аницин во време од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)

Прикажи повеќе...

Македонија

Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат добија лек

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека вчера за првпат на Клиниката за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек – рисдиплам, преку Програмата за милосрдие (Compassionate Use Program).

„ Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови. Во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа науч. сор. д-р Иван Барбов, кој е директор на Клиниката и медицинска сестра Јасмина Коруновска.

Спинална мускулна атрофија (СМА) е наследна болест на моторниот неврон и спаѓа во групата ретки болести. Според времето на почеток на болеста и клиничката слика се дели на 4 групи: СМА тип 1, 2, 3 и 4“ соопшти министерството.

Во земјава досега има дијагностицирано 14 пациенти. Од нив, седум пациенти се на возраст до 18 години со СМА тип 1 и 2. На денешен ден, минатата година, за првпат беше даден лекот нусинерсен (Спинраза) за оваа група на пациенти преку Програмата за ретки болести. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. За возрасните пациенти досега немаше лек, додаваат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информира дека утре се планирани следните технички зафати во електро-системот на градот Скопје:

Во периодот од 09:00-15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Франце Прешерн. (општина Карпош)
Во периодот од 09:00-12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од с.Маркова Сушица (место викано Вршник). (општина Студеничани)
Во периодот од 09:00-14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата:Танушевци, Малино и Брест. (општина Чучер-Сандево)
Во периодот од 09:00-12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Кара Трифун, ул.Пандо Кљашев, ул.Малина Попиванова, дел од ул.Караџица, дел од ул.Милан Мијалковиќ, ул.Пржино. (општина Чаир)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет35 минути

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет1 час

Бајден: Се уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет2 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот, за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет2 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет2 часа

Големи гужви на аеродромите и центрите за тестирање во САД, во пресрет на Денот на благодарноста

Гужва на аеродромите и редици пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија14 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет14 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет15 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија15 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа15 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет16 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт17 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ17 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија17 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија18 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет19 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа19 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет20 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет22 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Досие