Контакт

Македонија

Филипче: За какви провизии и фантомски фирми сме обвинети, кога средствата се вратени

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги отфрла сите обвинувања за незаконски дејствија во врска со набавката на кинеските вакцини, откако италијанскиот медиум „Ла Верита” објави дека наводно Кина го вратила авансот за вакцините на „Синофарм“, поради некаква фантомска фирма која била користена во процесот.

Тој тврди дека при комуникацијата за набавка на 200.000 кинески ванкцини од „Синофарм“, не е направена каква било нерегуларност, туку некој свесно се обидува да го поткопа целиот процес на имунизација.

„Објавените писма од ‘Ла Верита’ се писма за намера какви што Министерството за здравство има испратено до многу компании, кои помагаат или посредуваат за набавка на вакцини против Ковид 19. Вакви писма и комуникации владата има со компании од САД, Австрија и други земји. На ист начин е обидот да се набават вакцини и од ‘Синофарм’. Од самиот почеток нашата земја ги почитува сите процедури за набавка на вакцини и со овој производител“, рече Филипче.

Министерот го објасни начинот за набавка на вакцини од кинескиот производител.

„Првиот обид за набавка на кински вакцини беше директно со ‘Синофарм’, МНР на Кина и амбасадата  во Скопје. Откако не добивме повратни информации од таму, се обидовме преку сите можни канали, бидејќи должност ни е час поскоро да обезбедиме вакцини и тоа е нормална пракса  секаде во светот. Така стапивме во контакт со фирмата која се понуди да ни помогне во набавката. Во сите постапки кои се водеа ја вклучивме и нашата амбасада во Пекинг, која стапи во контакт и со кинеското МНР. Тогаш тамошното Министерство за надворешни работи ни кажа дека  во постапката не ни е потребна фирма посредник туку тие ќе се ангажираат и вакцините ќе ги набавиме директно од производителот ‘Синофарм’. Владата го повлече авансот и ја продолжи постапката согласно насоките од МНР на НР Кина. Ние и со фирмата посредник стигнавме до вакцините, но препораката од кинеското МНР беше друга и ние ја испочитувавме, овде нема ништо сомнително“,  истакна Филипче.
Вели дека не станува збор за никава манипулации,туку едноставно ги следат насоките од кинеското Министерство за надворешни работи, а кога би имало манипулација сигурно би имало и некаква финансиска штета.
„За какви провизии и фантомски фирми сме обвинети, кога средствата се вратени“, истакна Филипче.

Што се однесува до манипулацијата дека МЗ склучило договор со кој „Синофарм“ се ослободува од одговорност за ефектите од вакцината министерот појасни дека станува збор за целосно непознавање на договорите од овој тип. Имено, ова е вообичаена пракса и составен дел од сите договори при набавка на вакцини, објасни министерот.

„Тоа е пракса за буквално сите договори за кои ние сега преговараме и ги разбираме производителите зошто е тоа на нивно барање. Свесни сме дека со тоа земаме голема одговорност и ние тоа го правиме свесно кога е во прашање здравјето на нашите граѓани. Свесно ја земаме таа обврска не само за оваа туку за сите вакцини кои ќе дојдат во земјава“, рече Филипче.

Министерот Филипче ги осуди сите овие обиди да се фрли дамка на овој процес во една чувствителна ситуација кога во тек е вакцинација во нашата земја.

„Сметам дека со ова се опозицијата се обидува да го наруши угледот, да го копромитира процесот и со тоа да го загрози целокупниот процес на продолжување на имунизацијата во нашата земја . Сметам дека со ова некој сака да има политички бенефит, да поентира, а цената да биде здравјето на нашите граѓани“, истакна министерот Филипче.

 

Македонија

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Објавено пред

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во овој предмет првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР- Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски.

Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 65-та седница

Објавено пред

Владата денеска со почеток во 12:00 часот ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневен ред.

На 65-тата седница, според предложениот дневен ред, министрите, на предлог на Министерството за образование и наука ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На седницата на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција поднесена од Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“- Скопје во државна сопственост.

За донесените одлуки и заклучоци од 65-тата седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе заврши седницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет14 минути

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот, се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион43 минути

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа1 час

Словенија: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да можат полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд кој се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено а еден полицаец е ранет

Ученик кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион14 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет15 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ17 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија17 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет19 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија20 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет23 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија23 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија23 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија23 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет23 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет23 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет1 ден

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија1 ден

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија2 дена

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Досие