Македонија
Филипче за несреќата кај Прилеп: Загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и, пред сè, големи луѓе
„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген-техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница ‘Плодност’ од Битола“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
„Загубивме луѓе што посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството. На семејствата, блиските и на колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотресот во Грција е почувствуван и во Македонија
На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во информацијата.
Македонија
Неколку општини во Скопје утре пет часа ќе немаат струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.
Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар
Македонија
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Лефков
Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице кое располага со државен капитал. Советот на јавни обвинители за член на УО на Академијата ја назначил Душица Димитриеска, која е претседател на Советот на јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители, не смеел да ја назначи својата претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители.
Душица Димитриеска, покрај тоа што е претседател на Советот на обвинители е и во тесна врска со СДС. Имено нејзината ќерка Ема Нешкоска е член на Советот на општина Гостивар од редови на СДС, а беше и кандидат за пратеник од редовите на истата на последните парламентарни избори.
Советот на јавни обвинители исто како и Судскиот совет продолжуваат да работат на уривање на правосудството и имиџот, односно угледот на истото кај граѓаните.
Го повикуваме Советот на јавни обвинители да го отповика својот предлог за УО на Академијата. Во спротивно колективно го крши законот, за што треба да има одговорност“, изјави Лефков.