Македонија
Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп, нема ниту истрага, ниту докази
На денешната прес-конференција за 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.
„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче.
Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата.
„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари: Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари
„Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Прим. Др. радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог Др. Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите додека одеа да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа.
Најдлабоко сочувство до нивното семејства, пријателите и колегите“, додаде Таравари.
Скопје
Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди општина Карпош
По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од општина Карпош.
„Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.
Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на општина Карпош.
Македонија
Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.
На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.
И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува.