Македонија
Филипче не се откажува од Заев затоа што само така може да опстои на политичката сцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче не се откажува од Заев, Филипче е спотер на Заев, Филипче не се откажува од Заев затоа што само така може да опстои на политичката сцена, а со тоа и да се обиде да избегне одговорност од криминалните дејствија, скандалите и аферите кои што го пратат уште како министер за здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Филипче не се дистанцира од Заев, а со тоа не се дистанцира ниту од погубните политики за државата.
Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали, афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.
Тандемот Заев и Филипче ветуваше членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги а креира „Менгеле здравство“ што воедно е најцрниот период во македонското здравство.
„Менгеле здравство‘‘ имаше Македонија во време кога истиот Филипче, неврохирург и потрчко на Заев, беше Министер за здравство.
Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги.
Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации. Филипче со тоа што не се откажува од Заев, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.
Филипче не се откажува од Заев затоа што 7 години системски ја уништуваа државата и македонското здравство.
Филипче не се откажува од Заев затоа што Филипче беше прв ортак со Ден Дончев за Диамед, имаше милионски крвави тендери за приватизација за анализа на крв, Македонија ја остави без вакцини за корона, Македонија стана држава со најголема смртност по глава на жител, Филипче короната ја дочека без тестери, Филипче ги остави докторите без заштитна опрема, Филипче градеше модуларни без почитување на стандарди.
Филипче не се откажува од Заев затоа што обвини кабел кога живи луѓе, пациенти изгореа во модуларна болница во Тетово, изби скандалот Онкологија, кога наместо терапија даваа вода на пациенти, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици и вратен на работа и низа други скандали.
Филипче не се откажува од Заев затоа што заедно го направија крахот во здравството и ја колабираа Македонија и економски и политички.
Филипче не се дистанцира од Заев а со тоа не се дистанцира ниту од политичката траекторија која ја исцрта Заев, граѓаните тоа го знаат и нема да дозволат погубните политики на Заев да се надградат, прошират и мултиплицираат.
Граѓаните нема да дозволат тандемот Заев-Филипче да ги манипулира додека тие се богатат на грбот на македонскиот народ, а бизнисите на кланот Заеви слободно функционираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );
Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);
Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);
Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);
Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);
Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).
Македонија
Променливо облачно време со минимални температури до -1
Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.
Скопје
Дел од Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека:
– Поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80“ на улицата Максим Горски бб (кај Мепсо) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од Орце Николов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.