Македонија
Филипче: Од април очекуваме масовна вакцинација на населението

До крајот на овој месец или почетокот на следниот преку механизмот „Ковакс“ очекуваме 100.000 вакцини, а од почетокот на април се надеваме дека ќе почне масовна имунизација на населението, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Сепак, тој рече дека со оглед на промените што настануваат кај доставувачите, можно е овој временски период да се одолжи.
„Во однос на набавката на вакцини, се очекува до крајот на овој месец, почетокот на следниот, преку механизмот ‘Ковакс’ да стасаат околу 100.000 вакцини. Потенцирам дека со оглед на промените што настануваат и информациите од доставувачите, ова може временски да се одолжи“, рече Филипче.
Тој изјави дека се во разговори со Кина и Русија за нивните вакцини, но сѐ уште нема точен датум кога би пристигнале, но дека се очекуваат на почетокот на април по што би почнала масовна вакцинација. Филипче рече дека системот е спремен за масовна вакцинација на населението.
„Свесен сум дека набавката не оди со посакуваната динамика, но обезбедувањето вакцини во буквална смисла на зборот е војна. Побарувачката ја надминува понудата секаде во светот. Неизвесноста е голема. За жал, немањето доволно количини, како и директните договори, си го прави своето и затоа се доцни со испораката и затоа има доцнење во набавката“, рече министерот.
Додаде дека верува оти бргу ќе се надмине кризата во врска со набавката на вакцини.
Министерот информира дека досега се вакцинирани 5.300 здравствени работници.
Порача дека пандемијата е сѐ уште тука и дека мора да се почитуваат мерките и оти засега нема нови мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно со врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.
Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.
Македонија
Мартин Пановски: На парцелата од 12.000 квадратни метри, дури 6.520 квадрати ќе бидат зеленило

Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“, Мартин Пановски, во вечерашното гостување на „Топ тема“ изјави дека во двете згради кои ќе се градат има станови колку во трите кули во градски ѕид и ништо повеќе. Тој вели дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.
„Неразбирливо е како е можно некој кој е архитект да исцрта и пласира во јавноста вакви скици и макети. Ова се 3Д прикази правени од наши колеги кои, за жал, или не знаат да читаат план или намерно излажале, за да направат паника во јавноста. По сите архитектонски параметри, на оваа макета имате 500.000 м2. За појаснување, на дадената локација се дозволени 200.000 м2, а ќе се користат 89.000 м2“, рече Пановски.
Пановски во емисијата за првпат презентираше фотографија од реалниот проект кој е различен од сите фотографии и графики кои се споделуваат на социјалните мрежи деновиве.
Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило.
Пановски тврди дека на парцелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило. Проектот предвидува 969 паркинг-места на три новоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.
Жалам што сите коментираат и зборуваат дека проектот не чини, а никој не го видел, заклучува Пановски.
(ПР текст)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Meѓу владините хонорарци се синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ

Во Македонија додека граѓаните преживуваат од ден за ден, власта своите партиски војници дебело ги наградува со хонорари, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата попладнево ја објави листата со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани за нејзините потреби.
„Меѓу хонорарците кои земале народни пари во енормни суми се бројни членови и симпатизери на СДСМ, Петрит Сарачини, Марко Михаилоски – претседател на СДММ, Јана Велковска – сестра на Фаница Николовска пратеничка од Тетово, Дамир Ибраимоски – син на Самка Ибраимоски. На листата може да се види и името на Ванчо Узунов. кој бил поранешен потпретседател на СДСМ“, стои во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за хонорари од 2019 до 2020 година, власта исплатила над еден милион евра.
Според опозициската партија, под закрила на Владата биле 58 хонорарци, од кои денес се објавени 55.
„Токму овие хонорарци за еден напишан статус или, пак, погрешно наместено знаме земале по 30, 40, 50 илјади денари. Од имињата на објавените списоци, јасна е намерата зошто власта калкулираше со денови кога да ги објави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека додека државата осиромашува и згаснале над 4.000 компании, партиски војници на власта земале хонорари до 1.000 евра.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш