Контакт

Македонија

Филипче: Од Јапонија пристигна лекот „Авиган“ за 100 пациенти со Ковид-19

Објавено пред

Преку итна неповратна помош, Јапонија го обезбеди лекот Фавипиравир -„Авиган“ за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации. И Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за пациенти со Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Добивме „Авиган“ за 100 пациенти. Станува збор за антивирусна терапија, којашто во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата од 2014 година. Во тек се бројни клинички студии за пациенти со Ковид-19 и од искуствата во апликацијата веќе има добри резултати, не само во Јапонија, туку и во повеќе земји во светот“, информираше Филипче.

Тој појасни дека ова е лек кој што се користи „off-label“, значи за да биде дефинитивно потврден дека се користи за овие пациенти, односно за болест предизвикана од коронавирусот потребно е да завршат клиничките студии.

„Но со оглед што има сличен механизам на дејство како и за другите вируси, очигледно дека има добри резултати кај пациентите во многу земји во светот. Се препишува по строга индикација, после бројни анализи пред сè на крвта, коишто го детектираат имунитетот на пациентот, а коишто се прават и во нашите болнички установи“, информираше министерот Филипче.

Во моментот Јапонија спроведува мултицентрична клиничкa студија во повеќе земји од светот во која се испитува ефикасноста на „Авиган“ во третманот на пациентите со Ковид-19. Од Министерството за здравство велат дека охрабрувачки се фактите дека генеричките форми на овој лек веќе се одобрени во Русија и Индија за лекување на Ковид -19 и овие генерички форми се применуваат за третман на Ковид-19 и во други земји.

Сепак, велат од МЗ, треба да се има предвид дека примената на „Авиган“ во лекување на пациентите со Ковид -19 е сè уште неодобрена индикација, впрочем како и сите други антивирусни терапии кои се применуваат во борбата со овој вирус и треба да се препишува и аплицира под внимателен медицински надзор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски на средба со младите: Грантови до 15.000 евра за отворање своја фирма

Објавено пред

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски имаше средби со млади во општината Бутел. На средбите се разговараше за проектите и мерките коишто се досега преземени и ќе се преземат во новиот четиригодишен мандат, за перспективна, сигурна иднина на младите, по европски стандарди, дома.

„ СДСМ со коалицијата Можеме креира нова развојна економија којашто ќе се базира на нови технологии, одржливост и човечкиот капитал. Тоа е модел што ќе ги штити работните места и ќе овозможува повисоки плати“, рече Спасовски.

Тоа најави некои од мерките во Програмата што се однесуваат за поддршка на младите.

„ Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

Исто така, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, посочи Спасовски на синокешните средби во општината Бутел.

Тој посочи дека целта е мотивација на младите да учат, работат и живеат во својата земја и затоа поддршката на коалицијата Можеме на 15.јули е глас за таа шанса. Тој направи разлика со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаа младите од државата. Денес, наведе Спасовски, нашата држава ги отвора преговорите со ЕУ, што значи реални можности за повисоки плати и нови работни места, како и за европски институции што работат по европски стандарди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев до младите: Ова е ваша земја, останете овде, бидете дел од европеизацијата и напредокот на државата

Објавено пред

Претседателот на СДСМ на вчерашната трибина на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ одржана во Чаир, упати порака до младите да останат во државата и да се борат за напредок и развој, за европеизација на државата преку процесите на преговори со ЕУ и членството во НАТО.

„ Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и сите сметки не е тоа нешто значајно што им останува за живот. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите што треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Затоа, нека останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во Чаир.

Во обраќањето, меѓудругото претседателот Заев посочи дека денес, патриотизам е да се подигне економскиот стандард и да се обезбедат што повеќе пари назад кај граѓаните.

„ Денес, патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставниците и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Објавено пред

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени.

Во моментов активни се 3.678 од случаите, според податоците на Министерството за здравство, од кои 2.007 лица се од Скопје.

Досега излекувани се 3.027 пациенти, а починаа 341 лице.

Од почетокот на пандемијата направени се вкупно 67.165 тестирања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион15 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава17 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет17 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт18 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија19 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ19 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија22 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа24 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 дена

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија2 дена

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа2 дена

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Досие