Контакт

Македонија

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите, се враќа слободното движење, а набргу ќе се отворат и границите.

„Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот. Сега сме исправени пред два избора. Да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето, кои се предуслов за нормализирање на состојбата, или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки“, рече министерот Филипче.

Тој потенцира дека анализите на епидемиолозите потврдија дека состојбата е стабилна, а досегашната стратегија даде резултат.

„Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Ова беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжителното носење маска или прекривка на устата и носот, одржувањето физичка дистанца, редовната хигиена и дезинфекција на рацете се мерки што остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме“, истакна министерот Филипче.

Филипче истакна дека вирусот нема да замине и со него ќе мора да научиме да живееме и тоа подолг временски период. Ова значи дека одговорноста на граѓаните е сега уште поголема.

„Недозволиво е оние што ги почитуваат мерките да бидат во ризик од оние што тоа не го прават тоа. Апелирам и до надлежните институции, сите прекршувања што го загрозуваат јавното здравје мора да се санкционираат. Сакам на сите да им биде јасно – со заштита на сопственото здравје ги штитите сите околу вас, спасувате животи на вашите блиски, на вашите сограѓани и им помагате на здравствените работници. Ова е наша заедничка борба. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, посочи Филипче.

Македонија

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Објавено пред

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти, од кои 62 се на кислородна поддршка, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 94 пациенти, а на респираторна машина се 4 лица.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 44, а во болницата во Штип – 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица хоспитализирани се 110 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати – 362, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Досега направени се вкупно 72.690 тестирања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне над 18.000 денари.

„Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност“, вели Мицкоски.

„Ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени, јави УХМР.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија11 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија12 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија13 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија14 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија15 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ16 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија17 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет18 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион18 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион20 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет21 час

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион21 час

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ21 час

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија22 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион23 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија23 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион1 ден

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија1 ден

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион1 ден

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Досие