Контакт

Македонија

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се прави за да се спречи заразата од корона вирусот, кој првично беше откриен во Кина. Од вирусот за кратко време заболеа над 500 луѓе, од кои шестмина починаа.

„Имавме вчера неофицијални разговори бидејќи имаше некаква активност во Светската здравствена организација и се разгледуваат евентуални препораки и за далечните земји, каде што сега се случува појава на заразени луѓе од овој вирус. Ќе видиме какви ќе бидат препораките, во контакт сме со лица од СЗО. Ќе видиме дали ќе има потреба од некаков скрининг на аеродромите, ќе дознаеме во текот на денот“, рече Филипче.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на Кина, како и во други земји.

„Во наредните денови може да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина, како и во други земји“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Засега во Кина најмногу случаи се забележани во градот Вухан, а се верува дека се проширил од пазарите со морска храна, иако изолирани случаи се регистрирани и во Шангај и Пекинг. Прв случај на заболено лице од вирусот синоќа беше објавен и во САД, а има заболени и во Јапонија, Хонг Конг и во Јужна Кореја.

Европа располага со средства како да се спротивстави на ширењето на новиот корона вирус, кој првично е откриен во Кина, изјави професорот Херман Госенс, претставник на европската организација „Припеар“, која работи на спречување новопојавени епидемии со поддршка на Европската комисија. Според него, никогаш досега немало толку брз и кохерентен одговор на појавата на нова епидемиска закана.

Македонија

Спасовски се сретна со градоначалникот на Боговиње и со претставници од селата Синичане и Урвич

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и за животна средина, Насер Нуредини, попладнево се сретна со градоначалникот на општината Боговиње, Албон Џемаили, и со претставници на месните заедници на селата Синичане и Урвич.

На состанокот е изразена заедничка согласност и определба за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.

Констатирано е дека постигнатото разбирање меѓу претставниците на локалната самоуправа на Боговиње и на селата Синичане и Урвич отвора можност за решение коешто ќе биде во интерес на сите страни.

„Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок“, рече премиерот Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжува нестабилното време со пороен дожд и град

Објавено пред

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степен. УВ=5

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Прикажи повеќе...

Македонија

МАН: Претседателот на СДСМ да им се извини на новинарите

Објавено пред

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува јавниот настап на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, како што велат, на прес-конференција етикетираше новинари со што повторно се обиде да изврши притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта.

„ МАН бара претседателот на СДСМ веднаш да им се извини на новинарите и уредниците кои вчера беа предмет на притисок и етикетирања. Доколку претседателот на СДСМ не се извини, МАН ќе ја стави на разгледување иницијативата поднесена од членовите за 30-дневен бојкот на активностите на Зоран Заев.

Истовремено, да потсетиме дека во времето на владеењето на СДСМ, што е хибриден режим според класификацијата на Фридом хаус и Економист, политичкиот притисок врз независните новинари се одвива преку правосудните органи. Па така, досега донесени се две осудителни пресуди по обвиненија за новинари, покренати се 5 кривични обвиненија, има триесетина граѓански пријави и закани за правосуден прогон од СДСМ и функционери на партијата, сменети се 4 главни уредници на приватни медиуми по нарачка од власта, а членови и симпатизери на СДСМ, вршат и закани за физичко насилство врз независните новинари и медиуми.

Сите овие примери во изминатите години придонесоа да се покачи просекот на неслобода на медиумите, а заедно со годинава, изнесува 61% правосуден притисок. Да потсетиме европскиот просек сè уште е околу 23%.

За овие, како и за сите други притисоци врз медиумите и новинарите, МАН редовно ги известува ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преtставници во земјава“ се вели во реакцијата на МАН.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет5 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет6 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион6 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет7 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија11 час

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија11 час

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ11 час

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет12 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија12 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет14 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет15 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија15 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет15 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија15 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет16 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија1 ден

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет1 ден

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија1 ден

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Досие