Македонија
Финансиската полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за даночна измама и даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела, даночна измама по член 279-а ст. 2 во врска со ст. 1, даночно затајување по член 279 ст. 2 во врска со ст. 1, соизвршителство по чл. 22 и помагање по чл. 24 од КЗ на РМ.
Првопријавениот З. А. во својство на управител на второпријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во Април и Мај 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, изготвил фактури со невистинита содржина во вкупен износ од 31.599.220 денари, со вкалкулиран износ на ДДВ по пресметковна стапка од 18% во износ од 4.820.220 денари, за наводно извршена набавка на стоки и услуги од правниот субјект Друштво за трговија и услуги ИНО КОМ ДООЕЛ Скопје, сметководствено ги евидентирал и ги искажал во задолжителни пријави за ДДВ со што искажал повисок износ на влезно ДДВ, на кој начин спротивно на член чл.33 и чл.34 од Законот за ДДВ со овие фактури со невистинита содржина противправно ја намалил даночната обврска на второпријавениот правен субјект Тритерол петрол ДООЕЛ Скопје по основ на ДДВ за 4. и 5. месец 2023 година во вкупен износ од 4.820.220 денари, за кој износ го оштетил буџетот на РСМ.
Исто така, во текот на 5. и 6. месец 2023 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист, првопријавениот З. А. за дел од испоставените фактури со невистинита содржина префрлил парични средства во износ од 9.483.925 денари на банкарската сметка на друг правен субјект со сличен назив, петопријавениот – ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, кој што наменски е основан од страна на четвртопријавениот Д.Д во својство на сопственик и управител , а кои парични средства ги подигнал во готово третопријавениот Р. Ѓ. во својство на потписник на банкарската сметка на ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, истите ги присвоиле и не доставиле документација за нивна економска оправданост, со што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на личен доход во износ од 948.392 денари, за кој износ го оштетиле буџетот на РСМ.
Со вака преземените дејства пријавените ги сториле кривичните дела даночна измама по член 279-а ст. 2 во врска со ст. 1, даночно затајување по член 279 ст. 2 во врска со ст. 1, соизвршителство по чл. 22 и помагање по чл. 24 од КЗ на РМ, и со тоа противправно ја намалиле обврската за данок на додадена вредност во износ од 4.820.220 денари, не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на личен доход во износ од 948.392 денари, односно за вкупен износ од 5.768.612 денари пријавените го оштетиле буџетот на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.