Контакт

Македонија

Фискалните од викендот без ДДВ ќе мора да се скенираат во рок од три дена

Објавено пред

Фискалната сметка издадена за време на претстојниот викенд без ДДВ ќе мора да се скенира во рок од три дена за да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, изјави в.д. директорот на УЈП Фарук Омери.

Парите од повратот на ДДВ, граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат најдоцна до крајот на октомври.

„Мерката ‘Мој ДДВ’, која ние како УЈП во целост ја реализиравме во минатата година, ја прилагодуваме и за реализација на мерката викенд без ДДВ. Почнавме скромно, но бројката на користици постојано растеше за сега да достигне 350 илјади граѓани“, рече Омери.

Тој апелира сите трговци да ги означат македонските производи и компјутерската опрема, со цел непречено враќање на ДДВ-то.

„Ако досега се враќаше 20 проценти од данокот за македонските прозиводи, овој викенд се враќа целосниот износ на данокот“, рече Омери.

Тој вели дека е свесен дека мерката се спроведува во време на пандемија, и вели дека трговците ќе бидат обврзани да ги спроведуваат мерките за превенција од ширење на Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров во прва работна посета на Париз од формирањето на новата Влада

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на 27 и 28 октомври ќе престојува во работна посета на Франција.Ова е прва посета на Париз по формирањето на новата Влада и се реализира во исклучително важен момент за Северна Македонија, во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која што треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата Методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција.

За време на дводневната работна посета на Француската Република предвидени се средби со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон; претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Жан-Франсуа Рапен; Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на Претседателот Макрон, Каролин Вино, заменик на Генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Чаир, Аеродром и Карпош

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ инфрмираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Чаир, Аеродром и Карпош. Во периодот од 8 до 13.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Чаирска, дел од улицата Цветан Димов, дел од улицата Афузпашина, дел од улицата 7. Косовска бригада, дел од улицата Јајце, дел од улицата Бајрам Шабани, дел од улицата Зеф Љуш Марку, ОУ „Тефејуз“ (општина Чаир), од 8.30 до 13 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од булеварот 12. Македонска бригада бр. 8 а/б и бр. 10 а/б (општина Аеродром) и во периодот од 9 до 14 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од булеварот Партизански одреди (објект бр. 70, ф-ка „Алумина“) во општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за Ковид-19.

„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.

Министерот додава дека клиничката слика му е добра, само со благи симптоми и дека веќе е во домашна самоизолација.

Спасовски досега два пати беше во самоизолација поради контакти со лица позитивни на Ковид-19, но тогаш резултатите од тестирањата му беа негативни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божиќни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица, далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет29 минути

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван.Портпаролот на кинеското...

Европа53 минути

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија9 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за Ковид-19. „Би сакал да...

Свет12 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа13 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија14 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија19 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија19 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа19 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет20 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија20 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет20 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ21 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија21 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион22 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија23 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа24 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ1 ден

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет1 ден

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Досие