Контакт

Македонија

Фондацијата „Трaјче Мукаетов“ доделува 42 нови стипендии

Објавено пред

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ дванаесетта година по ред им доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени им се 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и на 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,.

Во согласност со објавениот јавен конкурс изборот на стипендистите за учебната 2019/2020 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии. Во составот на комисиите членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултета, како и претставници од редовите на студентите.

Во согласност со програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри, кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ им доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во висина од 1.200 евра во денарска противвредност. Годинава, еднократна парична награда добиваат: Марио Игњатовиќ од Фармацевтскиот факултет, Елиф Врајнко од Медицинскиот факултет, Стефан Пандилов од Медицинскиот факултет, Влатко Каранфиловски од Медицинскиот факултет – сите стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, како и Никола Манев од Медицинскиот факултет. Сите наградени првенци годинава прикажале просек 10,00.

„Особено задоволство ми е што годинава се пријавија исклучително талентирани студенти, па одлучивме, наместо 40, да бидат стипендирани 42 студенти на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факулетет при УКИМ, со што исполнивме квота од 500 стипендирани студенти за 12 години. Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ биле дел од успешната приказна на 374 дипломирани стипендисти по медицина и фармација досега. Искрено, ме радува и прикажаниот просек на првенците годинава! Првпат годинава Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ има 5 првенци на генерацијата, сите со просек 10,00. Еден од првенците веќе од наредниот месец ќе ја почне својата кариера во ‘Алкалоид’, а до крајот на годината 81 стипендиран студент ќе бидат дел од компаниските процеси. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“, изјави г. Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Почнувајќи од учебната 2007/2008 година, Фондацијата стипендира 500 студенти по фармација и медицина вклучувајќи ги и новите 42 во учебната 2019/2020. Од нив, 197 студенти по фармација и 177 по медицина се веке дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Од 2009 година до денес својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот фармација ја почнале 79 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 74 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет. Во текот на ноември 2019 година професионално ангажирани ќе бидат уште двајца стипендисти.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени во печатените медиуми, а извршната канцеларија на Фондацијата ќе стапи во контакт со нив за потпишување договори за стипендирање.

Под закрила на Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ во септември годинава се спроведе деветтиот по ред хуманитарен хепенинг организиран за вработените на компанијата. Собраниот износ од 1.255,844.00 денари е дониран на здружението на граѓани „О2 иницијатива“ за поддршка на нивните заложби за заштита и одбрана на природата и обезбедување чиста и здрава животна околина.

Македонија

„МГ Фешн“: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај „Холидеј ин“

Објавено пред

На денешната прес-конференција компанијата инвеститор на проектот „Гранд Скопје“, „МГ Фешн“, понуди соработка на Општина Центар за инвестирање во изградба на нов, урбан јавен простор од 7.322 метри квадратни, во градежната парцела 1.4 од проектот.

Одговорните архитекти на проектот нагласија дека важечкиот ДУП на оваа градежна парцела не предвидува градба на објекти, туку само фонтана со спомен-обележје. Она што инвеститорот го нуди како решение за парцелата е уредување на просторот со разновидно парковско зеленило, налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана смарт опрема. Површината на градежната парцела 1.4 е со приближна големина како и плоштадот Македонија и нуди можност за дополнително заживување и модернизирање на овој дел од центарот на градот, а за граѓаните кои се сопственици на приватните парцели од ГП 1.4, предвидено е обештетување во истиот сооднос како и за останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти.

Дополнително, компанијата изрази подготвеност за соработка со Град Скопје, Шумарски факултет и зелените организации да изготви решение и да инвестира и во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должина на локацијата.

Архитектот Илија Божиновски, управител на компанијата „МГ Фешн“, истакна дека на овој начин, со вклученост на сите засегнати страни ќе се обезбеди заживување и осовременување на просторот, преку обновување, поплочување и обезбедување нова урбана и смарт опрема за граѓаните.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Објавено пред

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна.

Смолвуд за РТС изјави дека тоа што болниците се пренаменуваат за пациенти со Ковид-19, значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, што сугерира на фактот дека системот ќе биде оптоварен и во иднина.

„Тоа значи дека треба да ги примениме сите мерки, без чекање, за да се намали стапката на зараза“. вели таа.

Како што додаде, СЗО внимателно ги следи мутациите.

„Можно е ефикасноста на некои вакцини да е помала во случаите со мутациите, но тоа не значи дека не функционира“, рече Смолвуд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Објавено пред

Скопје за првпат ќе добие вистински вертикални градини по светски стандарди. На денешната прес-конференција, по повод изградбата на новиот комплекс „Гранд“, чиј инвеститор е компанијата „МГ Фешн“, главните архитекти на проектот меѓу другото ги претставија и зелените вертикални градини кои се предвидени да бидат дел од комплексот.

 

 

Архитектите истакнаа дека станува збор за прв проект кој ќе вклучува зелени вертикални градини од овој тип. Покрај тоа што создаваат здрава средина за жителите, вертикалните градини придонесуваат за регулирање на влажноста на воздухот, апсорбирање на СО2 и други загадувачи, филтрирање на честичките од прашина, апсорбирање на бучавата, но и редуцирање на потрошувачката на енергија со намалување на температурата на воздухот во летниот период. Дополнително, овој дел од предвиденото зеленило обезбедува чувство на приватност и пријатност во урбаната средина и концепт, беше истакнато на прес-конференцијата.

Архитектите нагласуваат дека објектите се проектирани и дизајнирани на специфичен начин, со цел да одговорат на посебните барања и потреби за поставување, односно садење, одгледување и одржување на вертикалните градини.

Предвидените објекти ќе бидат со адаптиран дизајн за поставување на ваквиот вид зеленило. Проектирани се со наизменично протегање, прилагодена големина на терасите и соодветни висини, со цел да се обезбеди стеблата на дрвјата и растенијата да се извишуваат нагоре. Во објектите ќе биде имплементиран и посебен систем за одржување и наводнување, а во склоп на терасите ќе има посебно дизајнирани саксии и жардиниери, кои ќе овозможат дренажа и одводнување на водата.

Во однос на типот на зеленило кое ќе биде поставено, беше истакнато дека ќе се одбере локално зеленило, согласно локалните климатски услови, ветровите, длабочината и агресивноста на коренот итн. Проектот го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија5 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија6 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија7 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија8 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија9 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија10 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија11 час

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион11 час

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа12 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ12 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија13 часа

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа14 часа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија1 ден

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија1 ден

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија1 ден

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија1 ден

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 ден

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Досие