Македонија
(Видео) Пожар во зградата на Министерството за правда

Пожар избувна во зградата на Министерството за правда, а опфатени се повисоките катови. Она што може да се забележи е дека чад излегува од четвртиот кат. Според противпожарната бригата, во гаснењето се вклучени шест цистерни со повеќе пожарникари.
„Во 16.45 пријавен е пожар на улицата Димитрие Чуповски во Министерство за правда, интервенираме со 6 возила и повеќе пожарникари“, велат од противпожарната бригада.
Опожарени се две канцеларии во кои имало сметководствени документи, како и документи за меѓународна правна и бесплатна правна помош.
Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски изјави дека во 16.30 часот се вклучил алармот и сите во зградата биле евакуирани.
Засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да го примениме моделот на една изборна единица, вели премиерот Зоран Заев по блокадата на измените на Изборниот законик од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Според Заев, самиот модел ја максимизира ефикасноста на изборите и им дава можности на помалку бројните партии да добијат мандати, нешто кое, како што вели премиерот, е многу значајно бидејќи сме мултиетничка држава.
Раководството на СДСМ го усогласи ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори во април следната година, место сегашните шест. И покрај очекувањето на СДСМ да нема амандмани и блокади, за предложените измени на Изборниот законик, Собранието добило неколку илјади амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Опозицијата доставила над 1.300 амандмани, а ДУИ – пет илјади. И од двете партии велат дека не можат да дозволат да се направат измени во Изборниот законик без консултација со најголемите партии.
Македонија
Средба на Заев со Анди Исмаили: Твојот успех е чест за државата, испраќаш порака младите да бидат упорни

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца.
„Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата држава, да те гледаме на пиедесталот и да се интонира нашата химна“, рече Заев на средбата со 11-годишниот шампион.
Анди победи на првенството во Полска во конкуренција од над 30 земји. Тој ќе се натпреварува и на Европското првенство во модерен џез и класичен балет, кое идната година во јуни ќе се одржува во Скопје.
Македонија
Општина Карпош ќе додели еднократна финансиска помош на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Карпош со одлука на Советот на локалната самоуправа ќе додели околу 500.000 денари еднократна финансиска помош за своите сограѓани, кои спаѓаат во оваа категорија на лица.
Членовите на Советот, исто така, на денешната седница одобрија 100.000 денари финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи, додека на Пливачкиот клуб „ АКВА ПРО АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски“ за организација на новогодишен пливачки натпревар „ Аква Про- Дедо Мраз“ ќе бидат доделени 100.000 денари парична поддршка.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми