Македонија
(Фото) СДСМ: Делегации на партијата оддадоа почит на македонските бранители кои беа убиени кај Карпалак
Делегации на СДСМ денеска положија цвеќе на споменикот „Карпалак” во Прилеп и спомен обележјето кај месноста Карпалак.

Делегациите оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак, извести СДСМ.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
