Контакт

Македонија

„Фронт 21/42“: Уривањето на дивите платформи немаат никаква врска со препораката на УНЕСКО

Објавено пред

Уривањето на дивоизградените платформи на угостителските објекти на Охридското Езеро немаат никаква врска со препораката на УНЕСКО, а ниту по сесијата на Комитетот за светско наследство во Баку, нема значајна промена во намерата на нашите власти да прикажат, и пред УНЕСКО и пред домашната јавност, посветеност кон зачувување на нашето најголемо природно и културно богатство, велат од еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“. Од таму велат дека на четири месеци до крајниот рок за исполнување на препораките нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на нивно исполнување.

„Деновиве во јавноста е актуелно рушењето на дивоизградените платформи во самото езеро на неколку угостителски објекти на брегот од Охридското Езеро. Сакаме да појасниме: ова нема никаква врска со препораката бр. 9 од УНЕСКО за справување со дивоградбите во регионот, туку е еден скромен почеток на основно владеење на правото во областа на урбанизмот во општината. Ова е делумно рефлектирано во изјавата на градоначалникот на Охрид по повод уривањето на платформите – и самиот потврдува дека ова е поместување од мртва точка, иако ние не го гледаме како значајно, но секако се согласуваме дека ‘конечно во Охридскиот Регион мора да почне да се почитуваат правото и законот’. Секако, го поздравуваме и гледаме како позитивен чекор секој пример на почитување на домашните закони од страна на властите (и локални и централни), истовремено сметаме дека земја што се смета спремна да почне преговори за членство во Европската Унија треба да има (и практикува) многу (многу!) повисоки критериуми во областа на основното владеење на правото“, се наведува во соопштението од „Фронт 21/42“.

Во однос на исполнувањето на препораката од УНЕСКО, кое, според Здружението, не е почнато барем според јавно достапните информации, има повеќе елементи кои сериозно загрижуваат и повторно упатуваат на заклучокот дека ни по сесијата на Комитетот за светско наследство во Баку нема значајна промена во намерата на нашите власти да прикажат и пред УНЕСКО и пред домашната јавност посветеност кон зачувување на нашето најголемо природно и културно богатство.

„Во акциониот план на општините Охрид и Струга студиите за влијание на евидентираните дивоградби врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година. Нема никакви пречки овие постапки да почнат уште веднаш – актуелната власт имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018. Нема ниту една логична причина зошто клучната постапка во справувањето со дивоградбите се одлага на толку долг временски период. Се прашуваме дали некому му е потребен толку долг период за кроење на инвентарот на дивоградби, кои ќе бидат предмет на овие студии… Со оглед на фактот дека овие студии ќе определат кои дивоградби ги нарушуваат вредностите и треба да се рушат (се разбира, доколку бидат стручно и независно изработени) – рушењето на дивоградбите од препораката на УНЕСКО можеме најрано да го очекуваме кон крајот на 2021 и почетокот на 2022“, велат од „Фронт 21/42“.

Од  таму велат дека не им е јасно кој дел од светското наследство нашите власти го сметаат за незаштитен појас и врз основа на што?

„Границите на заштитениот појас/подрачје се јасно дефинирани во Законот за Охридскиот Регион (и досието во УНЕСКО) и тие ги вклучуваат целосно општините Охрид и Струга и делумно општината Дебарца – ова се единствените граници што го дефинираат заштитеното подрачје, нема други. Клучното прашање што нè мачи во врска со инвентарот е дали во овие 1.076 евидентирани дивоградби се наоѓаат дивоградбите што актуелната власт ги легализира од 2017 со речиси три години свесно прекршување на итната мерка побарана од УНЕСКО. Во изјавата на градоначалникот на Охрид препознаваме одговор на ова прашање, кој не влева надеж дека навистина значајно ќе се мрднеме од мртва точка. Имено, Георгиески јасно потенцира дека не може да постапуваат не само за нелегалните градби што оваа власт ги легализира игнорирајќи го УНЕСКО туку и за оние за кои се поднесени барања за легализација. За да ја спроведе оваа препорака, навистина ќе му треба суштинска поддршка од централната власт, но тешко дека ќе ја добие од нив, кои неколку месеци по добивањето на оригиналната препорака, наместо да го стопираат легализирањето, го продолжија Законот за легализацијата. Клопчето во кое сите власти од осамостојувањето на Македонија до денес го заплеткаа највредното во државава е толку заплеткано што само државник со многу поинакво размислување и пристап од сите до сега, ќе успее да го отплетка“, велат од Здружението.

Од таму велат дека додека Охрид и Струга имаат барем напишана определба да ја спроведат оваа препорака во 2021-2022, Општина Дебарца нема ниту план ниту намера да запре со легализациите на дивоградбите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

Објавено пред

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа заедничка прес-конфернеција на која главна тема беше брегзит.

На прес-конференцијата, германската канцеларка рече дека врз основа на она што го слуша последниве денови, можно е да се очекува постигнување на договор.

Францускиот претседател, во мал дел од своето обраќање, се задржа и на ставот на Франција кон проширувањето на Европската Унија, особено коментирајќи ја положбата на Албанија и Северна Македониjа.

Тој рече дека, според негово мислење, прерано е да се започнат преговори со двете земји, иако се согласува дека тие постигнале значаен напредок во домашните реформи, пренесе „Радио слободна Европа“.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал на лидерите на двете земји, но сериозното набљудување на нештата ме наведува да им кажам дека овој пат ни треба малку повеќе време за да ја завршиме работата“, додал Макрон.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доколку не добиеме датум, на сцена ќе стапат регресивни сили, му порача Заев на Сасоли

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во рамките на неговата агенда во Брисел вечерва се сретна со претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата присуствувале и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

За време на разговорот Заев нагласил дека сè уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.

„Поинаков исход освен старт на преговори за Северна Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата, како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси“, посочил македонскиот премиер.

Претседателот на Европскиот парламент го потврдил речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Северна Македонија и потврдил дека земјата е успешна приказна за Европската Унија.

Сасоли нагласил дека со овие пораки тој и утре ќе се обрати во Европскиот совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Граѓаните заслужија датум за почеток на преговори

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше на средба со граѓани во Кисела Вода, каде од страна на присутните новинари беше прашан за неговите очекувања околу датумот со преговорите со ЕУ.

„Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чист датум за отпочнување преговори со ЕУ“, одговори Мицкоски, иако, како што, рече оваа влада најмалку го заслужува тоа.

Сепак, според партискиот лидер, граѓаните на Македонија и државата заслужуваат таква разврска.

„Сè што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи тој“, оцени Мицкоски.

Тој додаде дека иако голем дел од јавноста можеби очекувал поагресивно политичко однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата била свесна за државниот интерес и европерспективата на земјата.

„Државниот интерес и она коешто се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓурешение, ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување преговори со Европската унија“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека доколку нема позитивна одлука очекува формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија2 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа4 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија5 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија7 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија7 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија8 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет8 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион9 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија9 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет11 час

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет11 час

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет11 час

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион12 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа12 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија23 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет1 ден

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија1 ден

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион1 ден

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Досие