Контакт

Македонија

Фудбалери на „Пелистер“ се затруле со храна во Велес, инспекторите на терен

Објавено пред

Четиринаесет фудбалери на „Пелистер“ се затруле со храна во ресторан во Велес. Тие со исти симптоми и  нагон за повраќање биле примени во инфективното одделение при општата болница во Велес.

Екипи на Државниот санитарен инспекторат, заедно со претставници на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен. Се вршат проверки во ресторанот каде што ручале фудбалерите на битолски „Пелистер“, пред натпреварот кој што требаше попладнево да го одиграат со Шкупи.

 

Македонија

Камчев: Боки ги ставил 350.000 евра во кутија за кондури и ѝ ги подарил на госпожата

Објавено пред

Сведокот Орце Камчев кој повеќе од 1,5 час дава исказ пред судот за случајот “Рекет”, рече дека 350 илјади евра за рекетирање ги обезбедила неговата сопруга Ана, додека тој бил во притвор, за како што рече “да и’ бидат предадени на госпожата”.

“150 илјади евра позајмила од Зоран Милевски, а јас подоцна му ги вратив”, рече Камчев.

Тој рече дека по излегувањето од притвор сфатил дека треба да биде глумец во приказната.

Камчев кажа дека тоа се случило на средба во Орман меѓу Зоран Милевски, Ана Камчева и Бојан Јовановски.

“Она му вика тоа со Бојан ако не се заврши, ќе отворам уште три, четири постапки, директно обвинителката ги бара парите”, рече сведокот и дополни дека по нив на средбата дошол и Дејан Панделески, кој исто така е осомничен во истрагата “Империја”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хрватската амбасадорка Тигањ: Вашата земја покажа спремност за зачувување на стабилноста во регионот

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.

На средбата амбасадорката Тигањ истакна дека е позната поддршката која Хрватска ја дава на Северна Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија.

„Вашата земја направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот“, истакна Тигањ.

На средбата се разговараше и за претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, при што соговорниците констатираа дека тоа е одличен момент за заокружување на поддршката и оти донесувањето на позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Објавено пред

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон Бојан Јовановски и Катица Јанева, прстот го впери и кон други лица, меѓу кои обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова и братот на судијката Весна Димишкова, адвокатот Васил Димишков.

„Не треба да се само овие двајца обвинети, треба да има и други“, рече тој.

На моменти зборуваше смирено, а на моменти беше нервозен. Бојан Јовановски во текот на сведочењето постојано го гледа во очи, на моменти се смее, додека ексшефицата на СЈО, обвинетата Катица Јанева гледа во документите пред себе.

Камчев рече дека во август 2018 за првпат слушнал дека против него се води истрага и дека е под ПИ мерки, кога адвокатот Васил Димишков побарал да се сретне со него, на јавно место.

„Ми рече да му дадам 100.000 евра за да направиме договор и дека може да влијае да има поблаги мерки. Ако ми дадат притвор, тој да издејствува куќен притвор, фактички ми даде цела скала која мерка колку ќе кошта, како да сме на пазар“, рече Камчев.

Во овој „дил“, имало и посредник – директор на позната банка, на која Камчев не му го кажа името. Преку истиот директор, Камчев ја одбил понудата на Димишков.

Потоа, следувале контактите со Бојан Јовановски – Боки 13. Тој прво барал реклама за телевизијата, а потоа, заедно со Зоран Милески – Кичеец му доставил и две понуди. Едната за проект за фешн – молови, а втората за старечки домови.

„Јас го погледнав зачудено и му кажав дека со молови не работам. Тогаш тој ја сврте последната страна од договорот и ми рече, ама види кој е потпишан тука, Лазар Јанев, синот на Катица Јанева. Јас реков, е добро де, ништо не ми значи тоа и преку Милески ја одбив понудата“, рече Камчев.

За проектот со изградбата на старечки домови Боки 13, според Камчев, му барал 4 милиони евра за лиценцата.

„Кога направивме пресметка, сфатив дека со тој проект јас ќе бидам во загуба 10 милиони евра и така го одбив. Тогаш Милески ми се јави и рече дека Боки е многу лут, дека е моќен, има телевизија, може да ме плука и дека е најдобро да платам за реклама“, рече сведокот Камчев.

Тој вели дека за реклами на 1ТВ платил 170 илјади евра, преку 2 фактури, едната од „Систина“, а втората од „Орка Холдинг“.

Но, според Камчев, ова не било доволно, па тој завршува во притвор за случајот „Империја“. Тогаш, рече тој, дека „се му станало јасно“.

„Вршеа жестока тортура врз моите компании, нотар не можеше да ми влезе. Сето тоа беше притисок смислен од Боки 13, реализиран од Лиле Стефанова по наредба од Катица Јанева“, рече тој.

Камчев зборуваше и во името на својата сопруга Ана, за која рече дека имала неколку средби со Боки 13 и Зоран Милески, кои и барале пари за тој да излезе од притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија2 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет3 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет3 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет3 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет4 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија4 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет4 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија4 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа15 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет19 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија21 час

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија21 час

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија22 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие