Македонија
Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Македонскиот фудбал полека се лизга кон бездна. Судејќи според сè до сега, следната сезона би можела да има помалку клубови од оваа година, секако не поради промените во системот на натпреварување, туку поради недостиг на финансиски средства за натпреварување. Се шпекулира дека одредени клубови најавиле повлекување токму поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат.
Се појавија шпекулации дека Академија Пандев се повлекува од Првата лига следната сезона, а како причина беше наведено немањето парични средства. Иако основачот на Академијата, Горан Пандев, ги демантираше овие наводи, во јавноста набрзо се појави веста дека два клуба од Струмица, Академија и Беласица, се спојуваат во еден тим, за што Пандев не сакаше да коментира. Која е точната позадина, се надеваме, ќе се знае наскоро…
Сепак, се поставува едноставно прашање – зошто клубовите мораат сами да се снаоѓаат, наместо средствата неопходни за нивната работа да се обезбедуваат преку спонзорства од различни компании кои се заинтересирани за тоа. Кога само ќе се погледне ситуацијата во регионот, па дури и во цела Европа, сите големи лиги имаат потпишано договори за насловни спонзорства. На пример, од 30 првенства на најдобрите лиги во Европа, 11 се насловни спонзорства на компании кои се занимаваат со приредување игри на среќа. На второ место се банкарските компании чии имиња се во насловите на фудбалските лиги. Интересен е и податокот дека компаниите за обложување се популарни во земјите од регионот, како на пример во Србија, каде компанијата „Моцарт“, освен што е долгогодишен партнер на Фудбалскиот сојуз, неодамна стана и насловен спонзор на фудбалската лига. Компаниите за обложување како спонзори на фудбалските лиги се присутни и во Хрватска, Бугарија, Романија, како и во Грција, Португалија, Австрија, Словачка, Казахстан…
Либерализацијата на пазарот секако води до поголеми инвестиции во фудбалот, но и до напредок на самиот спорт, имајќи предвид дека приходот оди во бројни младински спортски школи кои се формираат во големи фудбалски клубови. Поради очигледната блокада и монополизираниот пазар, македонската лига полека пропаѓа, а парите од приходите од игрите на среќа на други начини се одлеваат од Македонија. Барањето за слободен пазар се предлага подолго време, но постојано наидува на нови блокади, поради што спортот најмногу трпи, бидејќи нема решени законски рамки за да се реализираат инвестиции и во оваа гранка.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.