Контакт

Македонија

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје започнува нова еко-акција „Еден милион садници за пет години“ со која потврдува дека грижата за животната средина останува нејзин врвен приоритет. Оваа акција ќе биде најголем придонес на Банката досега кон подобрување на животната средина, поттикнување на колективната свест и обезбедување на почист воздух за сегашните и за идните генерации.

Со акцијата „Еден милион садници за пет години“ истовремено се одбележува и петгодишнината од „зелената платформа“ ХалкЕко, во рамките на која банката во изминативе години оргнизираше и поддржа бројни еколошки проекти.

Банката веќе потпиша договор со ЈП „Македонски шуми“ за спонзорство, кое предвидува во следните пет години да се засадат 1.000.000 садници низ територијата на целата земја. Во текот на годинава ќе бидат засадени 20.000 садници, а од 2025 година, динамиката ќе се зголеми со засадување по околу 250.000 садници годишно, со што до 2029 година ќе се постигне целта од еден милион садници.

Според Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, основна цел на иницијативата е создавање поодржлива, позелена и поздрава Македонија. Тој посочи дека преку платформата ХалкЕко досега се реализирани повеќе акции низ различни општини во кои беа засадени над 60.000 садници. Овие дрвја веќе почнаа да го даваат својот придонес бидејќи секое дрво апсорбира приближно 22 килограми јаглерод диоксид годишно и ослободува кислород доволен за двајца луѓе. Банката реализираше и низа други активности, во кои најде поддршка и од партнерот Мастеркард, за уредување на урбани корнери, реновирање на мостови во градски парк, оддржување на еко спортски трки во трчање и велосипедизам, едукации и работилници.

„Со засадување на еден милион дрвја не само што ќе придонесеме за обновување на деградираните подрачја, туку ќе го зајакнеме и пошумувањето на национално ниво. Оваа акција значи враќање на животот во заедниците, заштита на биодиверзитетот и ублажување на климатските промени. Нашите шуми се нашето наследство, но и наша одговорност. Да ја прифатиме оваа можност за промена. Да бидеме генерацијата која ќе остави трага – не само на зборови, туку и на дела“, рече Суџубаши.


Заблагодарувајќи се на Халкбанк за оваа значајна иницијатива и за посветеноста кон заедницата и околината, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, рече дека шумите и земјоделството се неразделно поврзани. Тие обезбедуваат стабилност на почвата, задржуваат влага и претставуваат природна заштита од ерозија. Со засадувањето на нови дрвја се заштитуваат овие витални ресурси и се обезбедуваат подобри услови за земјоделско производство, особено во региони погодени од климатски екстреми како суши.

Како министер за земјоделство, целосно сум посветен на иницијативи кои ги штитат природните ресурси и го унапредуваат нашиот земјоделски сектор. Затоа, ги повикувам сите граѓани, земјоделци, компании и институции да се инспирираат од овој позитивен пример и да се приклучат во вакви иницијативи“, рече Трипуновски.

Ане Лешкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање истакна дека акцијата која ја предводи Халкбанк, е симбол на заедничката одговорност. Таа посочи дека Министерството за животна средина соработува со приватниот сектор, невладините организации и граѓаните за да се создаде партнерство кое ќе доведе до вистински промени.

Како Министерство за животна средина, наша основна цел е решавање на најгорливите еколошки проблеми. Проблемот со загадувањето, посебно на воздухот, веќе подолго време ја загрозува благосостојбата на нашите граѓани. Засадувањето дрвја е еден од најефикасните начини за ублажување на загадувањето. Дрвјата не само што го апсорбираат јаглерод диоксидот, туку ја намалуваат концентрацијата на ПМ честички во воздухот, произведуваат кислород и создаваат природни бариери од прашина и други штетни материи. Овој проект, кога ќе биде реализиран, ќе го намали загадувањето во регионите каде што е најкритично“, истакна Лешкоска.

Директорот на ЈП Македонски шуми Здравко Трајановски, потенцираше дека Халкбанк преку својата платформа ХалкЕко докажа дека приватниот сектор може да биде моќен двигател на општествена промена и дека ваквите партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор се суштински за вистински промени во заштитата на животната средина. Тој изрази надеж дека еден ден локациите кадешто ќе се садат дрвјата ќе добијат име „Халк шума“.

Еден милион садници значат многу повеќе од зголемување на шумските површини. Тие претставуваат директен придонес за намалување на јаглеродните емисии, подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на почвата од ерозија и зачувување на биодиверзитетот. Секое ново засадено дрво е симбол на враќање на природната рамнотежа и создавање поздрава животна средина за сегашните и идните генерации“, рече Трајановски.

Од Халкбанк најавија дека покрај пошумувањето, банката ќе продолжи да спроведува и други еколошки иницијативи во насока на поддршка на животната средина и локалната заедница.

 

ПР

Најново

Забава4 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија15 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника53 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија56 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија1 час

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт1 час

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...