Контакт

Македонија

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Објавено пред

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски настан, ниту е момент за да се играат политички игри.

„Ова им го кажав на сите. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но најважно е да се учествува. Преку тоа, да се покаже колку е важна одлуката. Сакам колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на референдумот бидејќи тоа е порака до ЕУ“, рече Хан.

Тој вели дека треба да се спроведуваат реформите бидејќи за една година ќе треба да се види напредокот што Македонија го направила, а тоа немало да биде мерливо само преку договорот за името.

Македонија

Кисела Вода ќе го плаќа обезбедувањето во школите

Објавено пред

Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно, како што информираат од општината, оваа обврска била на товар на родителите.

„Преземањето на оваа обврска од страна на Општината има за цел намалување на трошоците на училиштата и искористување на средствата во други цели кои ќе овозможат подобрување на условите за учениците и вработените во истите“ се наведува во соопштението.

Од таму известуваат дека локалната самоуправа по претходно спровдена постапка за јавни набавки, ја избрала Агенцијата за обезбедување „Бранител“, која, како што појаснуваат, од вчера па се до истекувањето на договорот до 31.08.2019 година ќе врши 24 часовно обезбедување на објектите.

Благодетите од обезбедувањето во сите 13 училишни објекти (централни и подрачни) ќе ги уживаат вкупно 5280 ученици, како и вработените во нив. Физичкото обезбедување од понеделник до петок, во временскиот период од 07:00 – 17:00 часот ќе го врши по едно лице во објект. Додека, за време на викендите, во сабота и недела, во периодот од 00:00 -24:00 на објектите ќе се врши патролно обезбедување со минимум 10 обиколки на растојание  од минимум два часа. Покрај ова, објектите ќе бидат безбедни и во периодот на зимскиот и летниот распуст на учениците.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Време е политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред

Објавено пред

Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство, соопшти СДСМ.

„Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ. 

Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство. 

Ги повикуваме сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување. Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите. 

На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните. 

Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне дожд, попладне разведрување

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде од 4 до 11, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.

Утре од крајот на денот и преку ноќта низ земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен ветер ветер. В четврток се уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне. Од петок дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет1 час

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Свет1 час

Експлозивна направа најдена во близина на домот на Сорос

На адреса во близина на домот на американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, во поштенското сандаче бил пронајден експлозив, поради...

Македонија11 час

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија14 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија16 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија16 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија17 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија19 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија20 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија22 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија22 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија1 ден

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија1 ден

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија2 дена

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Досие