Македонија
Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, објави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“. Тој наведува дека тоа може да има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација во регионот на Западен Балкан.
„Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија. Ова е екстремно разочарување. Европската Унија сега треба да разјасни колку е сериозна нејзината заложба за интеграцијата“, напиша Хан.
Тој им се заблагодари на сите оние што синоќа се обиделе и се посветиле да постигнат одлука, која, како што вели тој, е од големо стратегиско значење за ЕУ. Хан им се заблагодари и на земјите членки кои се бореле за испраќање сигнал за надеж до граѓаните на земјите од Западен Балкан.
„Како што веќе кажав по министерскиот самит во Луксембург: ова не е момент на слава за Европската Унија. Да се одбие признавањето на докажаниот напредок, ќе има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација на регионот на Западен Балкан, со целосно влијание врз ЕУ“, напиша Хан.
Наша одговорност, додава тој, е сега да застанеме до државите чии граѓани се со право разочарани. Тој наведува дека ќе продолжи да прави сè што е во негова моќ да ги поддржи.
„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е и останува важна стратешка политика и е во наш заеднички интерес“, пишува Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров ја почнува балтичката турнеја

Вицепремиерот за економски прашања Никола Димитров денеска во Латвија ја почнува балтичката турнеја.
Во рамки на денешната посета на Латвија, Димитров ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи, и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.
„На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома“, соопштија од кабинетот на Димитров.
Македонија
Променливо облачно време, од утре нов влажен бран

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степен.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст. Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.
Македонија
Заев од 30. роденден на СДСМ: Партијата победува, но и постојано се менува

На онлајн-прославата по повод 30. роденеден на СДСМ, претседателот на партијата, Зоран Заев, истакна дека неговата партија 30 години води храбри, визионерски и државнички политики што водат напред.
Од вонвременскиот 8 септември 1991 година на плоштадот во Скопје до историскиот 30 март 2020 на платото пред седиштето на НАТО во Брисел, СДСМ е нераскинлив дел од секој успех на државата и граѓаните, рече Заев.
„Меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па сѐ до кандидатскиот статус за ЕУ, договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавање едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, се трајните државотворни печати на СДСМ“, истакна Заев.
На меѓународен план, како што рече, СДСМ ја вратил државата на патот на евроинтеграциите.
„Без да калкулираме со личните и партиските рејтинзи, го решивме долгогодишниот спор со Република Грција, го заштитивме идентитетот и ги отворивме вратите на ЕУ и НАТО пред кои предолго чекавме. Пред нешто повеќе од една година, во март 2020, ја остваривме тридецениската стратешка цел – Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО, на најсилниот и најголем воено-безбедносен сојуз во светот“, потенцира претседателот на СДСМ.
Според него, СДСМ победува, но и постојано се менува.
„Први во државата организиравме внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата, поставивме нов стандард во внатрепартиската демократија. Промените ќе продолжат и со конгресот, кој ќе се одржи во мај, со нова енергија, со нова политика, ќе продолжиме во реализација на зацртаните цели што носат напредок“, додаде Заев.
Тој потсети дека претстои важен период, особено во надминувањето на последиците од корона-кризата и ставање конечен крај на пандемијата, а со тоа и раст на македонската економија. Како и досега, СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност, истакна Заев.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?