Македонија
Хан и Могерини доаѓаат во Скопје

Утре во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.
Во рамките на официјалната посета Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со претседателот на Владата, Зоран Заев, и владина делегација во Клубот на пратениците на заеднички работен појадок и официјална средба.
По завршување на средбата, Заев и Хан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во Скопје пристигнува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, која се очекува утре да се обрати во Собранието по повод извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Во прес-центарот на Владата соопштија дека Могерини ќе се сретне со премиерот Зоран Заев по што утре напладне ќе оддржат заедничка прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерство за здравство : Уништивме сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Тие информираат дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата.
„Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин.Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција.Еден од најголемите проблеми во здравството во владеењето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше набавката на лекови со паралелен увоз и сомнителен квалитет“, се вели во реакцијата.
Според нив, Владата направи суштински реформи во здравствениот систем. Со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.
„Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат.Прашајте ги пациентите дали беа задоволни од инсулините од паралелен увоз со сомнителен квалитет и потекло. И прашајте ги сега, колку се задоволни од новите инсулини кои се оригирални.Воведовме три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови.
Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени“, се додава во реакцијата.
Македонија
Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“.
Според информациите од терен, пожарот почнал во кујната, каде станарите готвеле јадење, а потоа ги зафатил и другите соби.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред да се прошири во зградата, но станот е целосно изгорен.
Во пожарот нема повредени станари или пожарникари.
Македонија
(Видео) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ бараше функционален закон за јазиците, а Заев гледаше да дојде на власт

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција беше запрашан за ставот на опозициската партија во однос на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека интервенција врз Законот за јазици ќе значи враќање на состојбата пред рамковниот договор.
Како што рече Стоилковски, ова уште еднаш покажува дека Заев нема концепт за државата, за закони и за правда.
„Тоа е само за да се задржи на власт за да можат да тераат тендерите, да може да тера рекетот, да тераат поткупите, да се богати кланот на власт. Носењето на закон така како што се донесе беше оспоруван процес и од експертската јавност и од ВМРО-ДПМНЕ. Не треба да се брза, треба да биде согласно Уставот и законите и да се почека да се добие известувањето од Венецијанската комисија“, кажа партискиот портпарол.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не е против унапредување на правата на граѓаните во Република Македонија, доколку тоа биде издржано согласно Уставот и законите.
„ВМРО-ДПМНЕ бараше да се седне и да се разговара и да се направи функционален закон за употреба на јазиците во Република Македонија кој што ќе биде според Устав, закон и функционалност и сето тоа да се однесе на оценка на Венецијанската комисија за да не се доведеме во ситуација како што е државата доведена сега само заради немањето на концепт на Зоран Заев, освен оној дел од трговијата за да се задржи на власт за да може неговиот клан да се богати“, посочи Стоилковски.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци