Контакт

Македонија

Хан и Могерини со честитки: ЕУ силно го поддржува договорот

Објавено пред

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и комесарот за пристапни преговори, Јоханес Хан, ги честитаа усвоените уставни измени за примена на преспанскиот договор со Грција, а кои ја вклучуваат промената на името во Република Северна Македонија.

„Му честитаме на парламентот на изгласувањето на уставните измени. Тоа е важен чекор во имплементацијата на историскиот преспански договор“, се наведува во реакцијата на Могерини и Хан.

Двајцата високи претставници на ЕУ оценуваат дека македонските политички лидери и граѓани покажале одлучност да ја искористат единствената и историска можност за решавање еден од најстарите проблеми во регионот и одлучно да тргнат на патот кон ЕУ.

„ЕУ силно го поддржува овој договор, кој е пример за помирувањето во регионот и цела Европа“, истакнаа Могерини и Хан.

Нагласија дека се во исчекување на целосна примена на преспанскиот договор постигнат помеѓу Атина и Скопје за идното име на Македонија.

Македонија

МОСТ:Собранието е потранспарентно, но потребни се дополнителни подобрувања за поквалитетни процеси

Објавено пред

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, се одржа конференција на тема „Транспарентноста на Собранието како предуслов за вклученост на граѓаните – Добри практики од граѓанските организации од Велика Британија“.

Целта на настанот беше да се дискутира за транспарентноста и вклученоста на засегнатите страни во работата на Собранието и комисиите, евентуалните подобрувања или влошувања и да се дадат препораки за понатамошната работа на Собранието. На конференцијата беа презентирани резултатите од сумарниот извештај од Индексот на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието за 2017 и 2018 година, подготвен од страна на МОСТ во рамките на истоимениот проект. Во рамките на конференцијата исто така беа презентирани искуства од граѓанските организации од Велика Британија во однос на нивниот придонес во зголемувањето на транспарентноста на британскиот парламент.

На настанот присуствуваа и говореа претседателот на Собранието, британската амбасадорка, пратеници во Собранието, претставници на меѓународната заедница, како и претставници на институции и граѓанскиот сектор.

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, при отварањето на конференцијата истакна: ,,Верувам сите се согласуваме дека без вистинска транспарентност, нема ниту вистинско Собрание, ниту вистинска парламентарна демократија. За да се достигне високо ниво на транспарентност во работењето на Собранието потребни се повеќе предуслови. Од конкретна нормативна рамка па се до високо развиено чувство за одговорност, како и соодветна политичка култура на сите нас кои сме вклучени во остварувањето на основните функции на секој парламент а тоа се донесување на квалитетни закони, потоа надзорната функција и секако претставничката димензија„.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј истакна: „Конференцијата денес е одлична можност на едно место да се соберат претседателот на Собранието, пратениците и собраниските служби, кои заедно со граѓанскиот сектор може да дискутираат за работата на Парламентот, за тоа што било добро во однос на транспарентноста и отчетноста, а што може да се подобри. Парламентот е огледало на општеството. Неговата различност ја претставува различноста на општеството, место за битка на политичките идеи. Исто како што ги гледаме дебатите во Парламентот на Обединетото Кралство. Парламентот има одговорност за политичкиот дијалог во земјата, за квалитетот на законите кои се носат и ги поставува стандардите на политичката култура“.

Во текот на дискусијата учесниците посочија дека транспарентноста на Собранието за 2018 година е зголемена во споредба со 2017 година, а посебно во однос на 2016 година. Сепак, има делови од процесот кои заслужуваат внимание и политичка волја која е неопходна за суштински промени. Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието“, кој Граѓанската асоцијација МОСТ започна да го имплементира во јуни 2018 година, а е поддржан од Британска амбасада Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Екологистите децидни, ние не сме Африка, па да отвораме рудници

Објавено пред

Плодната почва и воздухот трајно ќе бидат уништени, а Македонија ќе биде претворена во пустина ако не се спречи отворањето рудници, велат екологистите што се против изградба на рудници во југоисточна Македонија. Тие денеска организираа конференција во Домот на градежниците и децидно побараа од Владата да го спречи отворањето на рудникот за бакар во струмичко Иловица. Според нив и пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин, концесионерот „Еуромак рисорсис“ нема правна основа да го отвори рудникот и не исполнува најмалку четири критериуми за работа на овој проект. Зелената економија и добивањето бакар со рециклирање е тоа што се прави во цивилизираните земји на Европа додека рударската индустрија во нашиот случај може да биде дозволена само ако Владата работи коруптивно и несовесно, се општите заклучоци од конференцијата.

„Рудниците се најтешка индустрија која е дозволена само во некои пусти и ненаселени предели, како, на пример, во северна Канада или Африка. Ние еднаш како партија успеавме да го коригираме законот за искористување минерални суровини и употребата на цијанид и сулфурна киселина при ископување не смее да се користи. Но, овој пат се бориме рударска индустрија воопшто да нема. Ако гледаме според некоја економска логика, околу 2.000 луѓе се вработени во оваа индустрија, а со земјоделство се занимаваат 150.000 луѓе. Ние се залагаме за зелена економија, која вклучува развој и унапредување на земјоделството и екотуризмот“, рече Морачанин.

Според екологистот и активистот од граѓанското здружение за борба против отворањето рудници „Спас за Гевгелија“, Ангел Наков, ако е потребно, ќе се направи нов дојрански договор меѓу народот и Владата и рудници во Македонија повеќе нема да има.

„Рудници од отворен ков во светот се прават само во земји со многу корумпирани влади, како во Јужна Америка или Африка. На почвата на Европа вакво нешто не е дозволено. Одлуката за рудникот ‘Иловица’ ја донела претходната влада, а должност е на актулениот премиер Зоран Заев да го спречи отворањето. Нашата земја има голем потенцијал во искористување на почвата и чистата вода за земјоделско производство и рударска индустрија не ѝ е потребна“, вели Наков.

За Костадин Ристоманов од „Екодолина“ од Ново Село и член на „Здрава котлина“ – Струмица, рудникот „Иловица“ е најштетниот договор што е направен за нашата земја, а за сомнежите од неговата штетност доволно говори фактот што документите за влијанието на рудникот врз животната средина се кријат и тие се водат како државна тајна.

„И последниот протест на младите од Иловица и Штука, како и низата проетсти што се организират во овој регион говорат за волјата на народот. На средбата што ја имавме со премиерот Зоран Заев тој рече дека ќе се поништува одлуката на народот. Верувам дека договорот со „Еуромак рисорсис“, кој во многу сегменти е противправен, ќе биде раскинат и рудник за бакар во Иловица нема да има“, смета Ристоманов.

На конференцијата зборуваа и Димче Балевски, активист во иницијативата за борба против отворање на рудникот „Казандол“, „Спас за Валнадово“, и Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ИВЗ обвинува за исламофобија оти државата не ѝ го враќа имотот

Објавено пред

Исламската верска заедница тврди дека поседува имот во половина Скопје, кој бара да си го врати преку процесот за денационализација. Меѓу имотот што ИВЗ го бара влегуваат плацови каде што е изградена Судската палата, дел од Македонска радио-телевизија, железничката станица, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Народната банка, Националната библиотека, Црвениот крст. Тие имаат доставено над 350 барања за враќање на имотот. Досега 15 отсто од имотот им е вратен, за 30 отсто се обесштетени со обврзници, а за 55 проценти од имотот чекаат одлука, но има и имот што државата одбила да им го врати. Тоа што државата не им го враќа имотот, од ИВЗ велат дека го доживуваат како исламофобија.

„Ова не се проблеми од денес или од доаѓањето на оваа влада. Имотот е од Втората светска војна кога се национализирал. Со донесување на Законот за денационализацијата ИВЗ достави барања во 1998 година. Ние бараме 4 милиони квадратни метри земјиште и 42 илјади квадратни метри во објекти“, рече директорот на имотите во ИВЗ, Дритон Дикена.

Дикена повикува на дијалог оти Владата им ветила дека ќе преземе конкретни чекори за враќање на имотот, но тоа не го остварила. ИВЗ не знае што конкретно ќе преземе по овие прашања, а став ќе изгради по изборите.

„Изминува втората година од функционирањето на таканаречната реформска Влада, а ИВЗ нема конкретен одговор, а камоли реализација на барањата. Нашето незадоволство не е измислено, туку е плод на нефукционирањето на институциите. Ние се чувствуваме дискриминирани во процесот за денационализација. Играњето топло-ладно и празните ветувања дека ќе се решат проблемите ја минаа границата на нашето трпение. ИВЗ е навредена од квалификацијата дека писмото што го пративме до Владата претставувало уцена. Во нашиот код на однесување не живеат уцената и заканата, други се тие што уценуваат“, велат од ИВЗ.

Исламската верска заедница смета дека тие најмногу придонела за почитување на принципот на соживот и меѓусебно разбирање. Тие ѝ порачаа на Владата дека одземањето туѓ имот е грабеж, а селективниот однос кон верските заедници во процесот за денационализација е дискриминација.

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исламската верска заедница. Кога ИВЗ упати писмо до Владата во кое наведе дека ќе ги извести верниците од сите 700 џамии оти државата не им го враќа имотот, оттаму реагираа дека ИВЗ им се заканува, ги уценува и им поставува ултиматуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија2 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија3 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија3 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија4 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија6 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ7 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ7 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија8 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија10 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија22 часа

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет23 часа

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Македонија1 ден

(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе...

Досие