Контакт

Македонија

Хелсиншкиот комитет: Оправдано е граѓаните со закон да се обврзат на вакцинација

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека е оправдано граѓаните со закон да се обврзат на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството.

Од таму велат дека задолжителната вакцинација, која е предвидена со член 33, став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести, во ниту еден момент не може да се доведе под сомнение дека е во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права.

„Ова особено се однесува на член 39, став 2 и член 40, став 3 од Уставот, каде што се предвидува дека граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, како и тоа дека родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Од духот на уставните одредби јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, тие не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца туку и здравјето на другите лица што поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го скратуваат правото на здрав живот. Заради обезбедување на наведеното право, Хелсиншкиот комитет за човекови права сметка дека е оправдано со закон да се обврзат граѓаните на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството“, се вели во правното мислење на Хелсиншкиот комитет во врска со забраната за упис на невакцинирани деца во училиштата.

Како што беше наведено во решението на Уставниот суд во врска со задолжителната вакцинација, редовната вакцинација е една од специфичните мерки на заштита од заразните болести.

„Нејзината задолжителност се утврдува само за одредени заразни болести и на определена возраст утврдена со календарот за имунизација за што има медицинско оправдување. Со редовната вакцинација не се штити само лицето што се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Последователно, заради заштита на здравјето на детето и правото на детето на здравје, судот во 2014 година оцени дека е оправдано на родителите да им се скрати правото на избор за невакцинација од причина што правото на здравје на детето е посилно од правото на избор на родителите“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Според Комитетот, имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени интервенции за заштита на здравјето на децата и со обврската за задолжителна вакцинација само за одредени болести, како што се сипаници, детска парализа, дифтерија, тетанус и пертусис, се спречуваат вистински и непотребни здравствени ризици.

Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, обврската за задолжителна вакцинација претставува дозволено ограничување на фундаменталните човекови права на засегнатото лице со оглед на тоа што е неопходна мерка во демократската држава заради заштита на јавната сигурност, здравјето, правата и слободите на други лица.

„Во согласност со член 24 од Конвенцијата за правата на детето, која со закон е ратификувана од Република Северна Македонија, државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација. Државите членки настојуваат ниту едно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита и истовремено се залагаат за целосно остварување на ова право. Република Македонија како држава што ја ратификувала оваа Конвенција, исто така има обврска да ги применува одредбите од Конвенцијата. Оттука, условувањето упис на детето во основно училиште со приложување доказ за извршена вакцинација не претставува дискриминација од причини што ова претставува само еден вид механизам за заштита и осигурување на правото на детето на здравје. Родителите што би запишале дете во училиште што не ги примило потребните вакцини би ги повредиле правото на здравје на своето и на другите деца што одат во истото училиште, што значи дека задолжителната вакцинација определена со законот не претставува прекумерна мерка“, се вели во правното мислење на Хелсиншкиот комитет во врска со забраната за упис на невакцинирани деца во училиште.

Македонија

Почна акција за ослободување на заробени дрвја во Скопје

Објавено пред

Градот Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром денеска почна акција за ослободување поголем број заробени дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности на јавните површини. Акцијата почна на улицата Орце Николов во Дебар Маало, каде што има голем број заробени дрвја со бекатон-плочки и друг градежен материјал.

„Во јануари годинава со Шумарскиот факултет потпишавме меморандум за соработка за ослободување 841 дрво, дрвја кои се заробени со градежен материјал. Со задоволство можам да истакнам дека до крајот на оваа сезона сите 200 дрвја кои се во надлежност на Град Скопје ќе бидат ослободени. Им помагаме и на општините да влезат во засилен процес на ослободување на дрвјата. Најмногу заробени дрвја има на територија на општина Центар, особено овде, во Дебар Маало. Во лудата урбанизација на овој дел од нашиот град во целост беше заборавена животната средина. Големите и развиени дрвја се природен прочистувач на воздухот и ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги заштитиме тие дрвја“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција.

Тој додаде дека е интересно што во општината Аеродром се мапирани само 20-тина заробени дрвја, па се очекува во таа општина акцијата да заврши во текот на денешниот ден.

„Управувајќи со системот на Град Скопје, при градежните работи што ги изведуваме водиме сметка повеќе ниту едно дрво да не биде заробено и годинава да успееме да ги ослободиме сите заробени дрвја кои беа мапирани“, нагласи Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Дион: Поддршка од Канада за европските и НАТО-интеграции

Објавено пред

Поддршка од Канада за прогресивните политики и европските и НАТО-интеграции на државава. Ваков е заклучокот од средбата што ја оставрија претседателот на Владата, Зоран Заев, и Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада за Европската Унија и Европа.

На средбата е пренесена поддршка од канадскиот премиер Џастин Трудо на прогресивните политики на премиерот Зоран Заев, коишто, како што е оценето, бележат напредок во клучни области, како што се заложбите за владеењето на правото, економијата, одржлив развој на земјата.

Изразена е поддршка од Канада, како еден од најдобрите партнери на ЕУ, на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, откако Канада даде поддршка за членството на нашата земја во НАТО, преку веќе ратификуваниот Протокол за членство во НАТО.

Констатирано е дека е важно да продолжат процесите на европските интеграции за државите од Балканот, коишто работат на имплементацијата на европските вредности, како придонес во стабилноста и развојот на Балканот, а и на самата ЕУ, но и во име на почитувањето на принципот на вреднување на сработеното и заслугите.

„Низ консензус ги изгласавме клучните реформи во правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, борбата против корупцијата. Денес и низ конкретен пример ја покажуваме нашата цврста определба за справување со корупцијата и примената на законите еднакво за сите. Очекуваме и за важниот Закон за јавно обвинителство до крајот на август да биде изнајдено заедничко решение. НАТО-интеграциите веќе се одразуваат на растот на економијата. Нашите очекувања се дека во октомври ЕУ ќе го овозможи нашиот следен чекор во интеграциите со што државата ќе ја добие значајната мотивација да продолжи напред по вистинскиот пат“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата изрази благодарност до канадскиот премиер Трудо и до специјалниот пратеник Дион за поддршката од Канада во евро-атланските процеси и за принципиелната поддршка од Канада во сите досегашни демократски процеси.

На средбата е разговарано за развој на економската соработка и за можноста за нови канадски инвестиции во државава. Во таа насока се разговара за зајакнување и подобрување на правната рамка што го овозможува тоа.

Заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија и Канада се пријателски земји, коишто споделуваат исти демократски и развојни вредности и дека тој потенцијал е база за проширување на соработката меѓу двете држави.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Клучни прашања останаа неодговорени, Јанева по говорот избега од новинарите

Објавено пред

Специјалната обвинителка Катица Јанева одржа говор и избега од новинарите, а клучните прашања за нејзина вмешаност останаа неодговорени. Таа кратко кажа дека не е вмешана во случајот рекет и нема одговорност.

Шефицата во оставка на СЈО не одговори за изгубениот телефон кој е најден кај девојката на нејзиниот син. Таа премолче и не кажа за што разговорала со Боки 13, кој ја вклучил на спикер додека бил со еден бизнисмен.

Иако новинарите инсистираа на одговори, Јанева замина во една од канцелариите каде што остана до заминувањето на новинарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија2 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија5 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ5 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија5 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија7 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија7 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија7 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион7 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија22 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија23 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија23 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Досие