Контакт

Македонија

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Објавено пред

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза, на која беше презентиран Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година.

Од комитетот порачаа дека во 2018 година регистриран е досега рекорден број на инциденти (123) споредено со сите претходни години. Трендот на зголемување на регистрирани инциденти сторени од омраза продолжува и во 2019 година, односно заклучно со јуни годинава, евидентирани се вкупно 109.
Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64% од сите регистрирани инциденти. Речиси сите се случиле помеѓу припадници на македонската и албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство жртви и сторители се малолетни лица/младинци.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, посочи дека Комитетот е единствен субјект во земјава кој со поддршка на Мисијата на ОБСЕ го следи овој феномен, а Република Северна Македонија е единствена во регионот каде што државата не го прави тоа континуирано и систематизирано. Државата и понатаму не презема мерки за да ги спречи делата од омраза, но и говорот на омраза, кој е главен фактор за предизвикување насилни инциденти. Според Пировска, главната забелешка е за Јавното обвинителство, кое не ги процесуира пријавите (ниту една од големиот број пријави поднесени од Хелсиншкиот комитет нема исход). Судовите, исто така, не ги третираат овие дела соодветно, односно не ја праќаат пораката дека државата се справува со овие дела.
Хајди Штерјова-Симоновиќ нагласи дека за 123 инциденти минатата година, поднесени се само 24 кривични пријави, и тоа за случаи каде се инволвирани јавни личности и политичари, но не и за оние каде сторители и жртви се малолетници. Таа посочи дека Скопје е најнебезбеден град, имајќи предвид дека најголем број инциденти се случиле во општините Гази Баба, Центар и Чаир.

Во однос на превенирањето и санционирањето на делата од омраза, Хелсиншкиот комитет ги даде следните препораки:

-Да се земе предвид искуството на државите членки на ЕУ во проширувањето во рамките на нивното кривично законодавство на опсегот/обемот на казнивите кривични дела од омраза и вклучувањето на другите мотиви на пристрасност позади овие дела;
-Да се осигура брза, ажурна и ефективна истрага и гонење на делата од омраза гарантирајќи дека пристрасните мотиви се земени предвид и во текот на кривичната постапка;
-Да се преземат соодветни мерки за да се потпомогне пријавувањето на делата од омраза од страна на жртвите, вклучувајќи мерки да се изгради доверба во полицијата и во другите институции;
-Да се соберат и објават сеопфатни и компарабилни податоци за делата од омраза, колку што е можно повеќе, вклучувајќи го бројот на такви инциденти пријавени од јавноста и евидентирани од страна на органите за спроведување на законот, бројот на осуди, пристрасните мотиви позади тие кривични дела и казните изречени на сторителите;
-Да се осигура дека жртвите на делата од омраза се поддржани и заштитени;
-Да се унапреди обуката на релевантните практичари кои доаѓаат во контакт со жртвите на дела од омраза, притоа овозможувајќи им ефикасно да им помагаат на овие жртви;
-Да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, и преку рефлектирање на едукацијата за човекови права, наставните планови по историја и релевантните обуки, преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, особено на децата и младите луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус два. Според него, граѓаните кажале да за победа на иднината, а не на опасноста. Коалицијата ‘Можеме’, Заев ја прогласи за победничка.

„Нека е честита победата. Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност, во моментот од над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за 1 или 2 уште повеќе. Нашата коалиција ‘Можеме’ е победничката коалиција на овие парламентарни избори. Најголемата, најразноликата, најмоќната и победничка, тоа е ‘Можеме’. Волјата на народот се потврди, победуваме. Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно – не. Имавме избори како што доликува на земја членка на НАТО, која граби кон Европската Унија, мирни, достоинствени, слободни и демократски, безбедни и современи. Благодарам на сите кои денес бевте активни учесници од ова ново поглавје од современата македонска демократија. Сите вие кои излеговте на овие најспецифични избори досега, сите кои го остваривте избирачкото право и кои учествувавте во враќањето на капацитетите на институциите и сите кои презедовте одговорност, ви благодарам на сите. Денеска победи иднината, напредокот“, рече Заев.

Тој ги уверува граѓаните дека следува уште поголема грижа за сите граѓани на кои им е потребна, но и дека ќе подадат рака на сите кои им треба поддршка и помош. Заев посочи дека следуваат и преговори со Европската Унија, но и правда.

„Ќе има правда. Ќе направам се твојот став гласно да го кажеш веќе на следните избори. Се обврзуваме и работиме макотрпно за да дојде правда за секој. Има една стара македонска поговорка која вели: ‘Како ќе си постелеш, така ќе си легнеш’, епилогот на денешните избори се отсликува со оваа поговорка. Тоа значи дека сите учесници на денешните избори добија порака од гласачите според тоа како и на кој начин ги спроведуваа своите политики. Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности и ни дадоа можност да ги продолжиме нашите прогресивни заложби за убава иднина на Република Северна Македонија. Денеска концептот ‘Парите кај граѓаните’ го порази концептот ‘Обнова на режимот’. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација. Концептот кој влече силно напред, го порази концептот кој сакаше да враќа назад. Концептот ‘Едно општество за сите, го порази лажниот патриотизам, конфликтите и поделбите. Време е конечно сите мрачни и назадни концепти да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики да започнат процес на обновување, реформирање“, додаде Заев.

Тој ги повика граѓаните на уште поголем ангажман на есен за да покажат дека можат уште повеќе и уште подобро за сите, откако ќе се одморат летово.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Според 93 отсто од обработените податоци „Можеме“ има 36,13%, а ВМРО-ДПМНЕ 34,65% од гласовите

Објавено пред

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освоила 36,13 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 34,65 отсто од гласовите.

За ДУИ гласале 11,57 отсто, за Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, за ДПА – 1,48 и за Интегра – 1,33 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто (ГДУ 0,37%, Моро 0,36%, Глас за Македонија 0,3%,Единствена Македонија 0,29%,
СДУ 0,27%, Твоја 0,2%, Демократи 0,17, Народна партија на Ромите 0,15).

Од ДИК информираа дека освоените мандати ќе бидат соопштени утре кога ќе бидат направени проверки на записниците од секое гласачко место.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Објавено пред

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада и дека изборниот резултат бил на нивна страна.

„Рано е да кажеме било што, но факт е дека промените народот ги посакува, народот не сака Влада која е криминална, народот не сака корумпирана Влада, народот сака обнова. Опозицијата покажа дека на овие избори има повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трката за формирање на нова Влада затоа што постојната е истрошена. Испраќаме уште еднаш благодарност до сите и покрај притисоците, што се одважија да гласаат за обновата на Макеоднија“ рече Јанушев.

На неколку новинарски прашања за изборниот резултат колку е во предност ВМРО-ДПМНЕ и на што се темели податокот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, Јанушев не одговори конкретно, рече дека требало да се почекаат официјалните резултати и дека се уште не е завршено пребројувањето.

„Трката е тесна, речиси изедначена да почекаме да ги видиме финалните бројки, па тогаш можеме да кажеме. Се уште е рано да се коментира било што. СДСМ и друг пат кога прогласувала победа, губела. Не би сакал да шпекулирам со бројки ќе бидете известени доклку има некоја промена“, одоговри кусо Јанушев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија4 часа

ДИК: Според 93 отсто од обработените податоци „Можеме“ има 36,13%, а ВМРО-ДПМНЕ 34,65% од гласовите

Според неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 93,96 отсто од податоците од вкупно 3.480 гласачки места,...

Македонија4 часа

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија5 часа

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија6 часа

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија6 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија7 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија7 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија8 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија10 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија11 час

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија12 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија13 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија13 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија14 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија16 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија16 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион16 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет17 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија18 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Досие