Македонија
Хелсиншкиот комитет: Текстилните работнички и во кризниот период останаа една од најпогодените групи

Здравствената криза инстантно предизвика низа социо-економски потреси. Како резултат на тоа, Хелсиншкиот комитет годинава регистрира рекорден број од 600 барања за бесплатна правна помош. Повеќето од нив, односно повеќе од 300 пријави, се однесуваат на работниците и нивните права, чие грубо прекршување почна веднаш по прогласувањето на вонредната состојба.
Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека губењето на работните места, незаконските откази, намалувањето на платите, како и несоодветните услови за работа во новонастанатата состојба, се меѓу најчестите последици од ударот на пандемијата врз работниците.
Исто така, велат од Хелсиншкиот комитет, родовата нееднаквост е еден од клучните проблеми на општествата и во нормални услови, па неминовно било кризата да има и родова димензија.
„За тоа говори фактот што две третини од пријавите што пристигнаа во Комитетот се поднесени од жени. Текстилните работнички и во кризниот период останаа една од најпогодените групи и во однос на несоодветниот превоз и услови за работа во време на пандемијаа и во однос на непродолжување на договорите за работа и ослободување од работните обврски на хронично болните. Една од најчесто прекршуваните мерки беше ослободувањето на еден родител од работа, која иако беше замислена како родосензитивна мерка, не се оствари како таква во пракса“, се наведува во соопштението по повод Денот на човековите права.
На ова, додаваат од таму, се надоврзува и состојбата со семејното и родово базираното насилство, на која се предупредуваше уште на почетокот на кризата, со оглед на тоа што рестриктивните мерки како изолација и карантин беа оценети како причини за зголемен ризик од насилство.
„Најавите за усвојување на Законот за семејно и родово базираното насилство даваат надеж дека на повеќето од проблемите зајакнати со кризата ќе им се пристапи системски, а жртвите, конечно, ќе добијат соодветен третман и заштита. Домот не е безбедно место за многу жени, но и за многу припадници на ЛГБТИ-заедницата, за кои изолацијата во домот што не ги прифаќа претставуваше дополнителен ризик за нивното физичко и ментално здравје“, пишува во соопштението.
Од Хелсиншкиот комитет наведуваат и дека пандемијата нè соочи со евидентните социјални разлики и продлабочувањето на огромниот јаз помеѓу сиромашните и богатите. Кризата покажала дека и групите што се маргинализирани се несразмерно погодени од кризата – лицата со попреченост, старите лица, бездомните лица, а со специфични последици се соочија и децата, како и лицата сместени во затворени институции.
Што се однесува до пристапот до здравствената заштита, Комитетот констатира дека на површина излегле сите болни точки на македонското здравство како последица на долгогодишните нерешени проблеми во здравствениот систем. Според Комитетот, евидентна е и појавата на кризно профитерство преку астрономски цени на услуги во приватните здравствени установи, кои се недостижни за поголемиот дел од населението.
Од Хелсиншкиот комитет велат и дека тензиите предизвикани од рестриктивните мерки, во комбинација со политичките настани, го зголемиле и говорот на омраза во јавниот дискурс, како и појавата на лажни вести и дезинформации поврзани со пандемијата.
„Кризата потврди дека отсуството на санкции и други мерки за справување со овој негативен феномен ги потхранува нетрпеливоста и конфликтите, а таквата атмосфера дополнително го отежнува справувањето со криза од вакви размери кога солидарноста и емпатијата се неопходни за зацелување на општеството“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциската за фирмата „Бригада дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциската за фирмата „Бригада дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје, Бојан Ивановиќ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска сме пред антикорупциската комисија и ќе поднесеме претставка за фирмата ‘Бригада дизајн’ ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Фирмата на Бојан Ивановиќ, советник и член на СДСМ, зела тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку дена го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк“, рече Арсовски.
Дополнително, рече тој, бараме антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски ниту од Зоран Заев,.
„Би сакал уште еднаш да ги потсетам антикорупционерите и нивната претседателка дека се независно тело, а не тело што треба да ја командува Владата, како што впрочем гледаме дека, за жал, сега се случува тоа, и да отворат случај да ги истражат овие сомнителни тендери за кои говориме неколку дена, а има класичен молк, кој, најверојатно, значи потврда дека се фатени живи во сомнителен криминален тендер со СДСМ“, рече Арсовски.
Во спротивно, додаде тој, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека само се партиски приврзоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта.
Македонија
Украдени капаци од шахти во Карпош

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошево Востание украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во најбрз можен рок тие ќе бидат заменети.
Случајот е документиран и пријавен во Полициската станица Карпош.
„Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Македонија
На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 314 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп – 35, во ковид-центарот во Гостивар – 19, а во Струга – 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани – 1 во Кичево – 13, во Кавадарци – 20, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти што се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во земјата е 598 и има речиси 650 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти МЗ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира