Македонија
ХЕРА: Привремените мерки на заштита од семејно насилство сè уште не ги заштитуваат жртвите

Во Законот за превенција, спречување и заштита од семејното насилство се предвидени привремени мерки на заштита од семејно насилство, чија крајна цел се заштитата на жртвите и превенцијата од повторување на насилството од сторителот. Иако овие мерки се изрекуваат од надлежните институции, постојат многу недостатоци во нивното соодветно и навремено спроведување поради што не се постигнува крајната цел, односно жртвите не се заштитени. Ова е еден од заклучоците што произлегоа од исклучително конструктивната дебата „Привремени мерки на заштита од семејно насилство: Добри практики и предизвици“, што Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА ја организира заедно со Град Скопје во рамките на тековната глобална кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“.
„Забраната сторителот да се приближува на жртвата, забраната да поседува огнено или друго оружје или тоа да му биде одземено, задолжителното лекување на сторителот доколку злоупотребува алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување, отстранувањето од домот, без оглед на сопственоста на сторителот, и задолжителната обврска да посетува соодветно советувалиште, се дел од привремените мерки што овозможуваат да се обезбеди итна заштита на жртвата на семејно насилство и да се спречи повторување на насилството. Надлежноста да предлагаат привремени мерки им припаѓа на центрите за социјална работа, судовите ги изрекуваат, а полицијата, здравствените институции и специјализираните сервиси ги спроведуваат. Мерката се предложува и изрекува, но нејзиното спроведување е задоцнето или воопшто не се случува. За да се подобри системот на заштита на жртвите на семејно насилство, потребно е итно и соодветно спроведување на мерките на заштита“, велат од ХЕРА.
Од таму посочуваат дека потребна е јасна и непречена координација и соработка меѓу сите вклучени сектори во целиот процес од изрекувањето на мерката до нејзиното целосно спроведување, позачестено предлагање на поинаков сет од постојните мерки кои се законски предвидени во согласност со процената на ризикот и потребите на жртвите на семејно насилство од страна на центрите за социјална работа, задолжителни и континуирани обуки на полицијата за сензибилизација во врска со семејното насилство, но и со родовобазираното насилство, начинот на прием на жртвата и постапувањето при семејно насилство, спроведувањето на мерките и итноста на постапките со цел навремена заштита на жртвите и отворање советувалишта за третман на сторители на семејно насилство во целата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.
Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Македонија
(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.
Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција
Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.
Македонија
По 22 години конечно некој во државата за која се боревме, се сети дека постоиме, велат од Здружението „Бранител 2001“

Здружението на воени ветерани “Бранител 2001” изразува благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот, како што велат, значаен чекор.
„Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме. По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство“, велат од здружението на воени ветерани.
Апелираат да не се застанува тука и повикуваат останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека тие постојат и дека дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.