Македонија
Хигиеничари, програмери и возачи на камиони меѓу најогласуваните позиции во услови на пандемија

Од почетокот на пандемијата, пред речиси една година до сега, отпуштени биле 18.174 граѓани.
Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување, чиј директор Абдуш Демири посочи дека на дневна основа има и до 7.000 огласи, со кои се бараат работници од разни струки. Тој вели дека пандемијата придонела кон зголемување на бројот на невработени лица.
„Во Агенцијата за вработување евидентирани се 158.681 невработено лице, кои се активни баратели на работа, и 90.293 пасивни баратели на работа. На веб-страницата во дневна основа во просек има активни конкурси помеѓу 6.000 до 7.000 за отворени работни места. Работодавците огласиле најмногу слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на работни простории, програмер, продавач, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, тесларски работи и други занимања“, рече директорот Демири.
Тој смета дека Владата со економските пакет-мерки помогнала да се сочуваат работните места.
„Со сигурност бројот на невработени лица во текот на 2020 година бележи зголемување. Во услови на криза, во 2020 година, Владата донесе пакети економски мерки за да му се помогне на стопанството и да се сочуваат работните места. Со четвртиот пакет-мерки, со мерката платежна картичка за поголема потрошувачка, беа опфатени и пасивните баратели на работа евидентирани во АВРСМ“, додаде Демири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени.
Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините, јави УХМР.
Македонија
Градоначалникот на Центар позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на скопски Центар, Саша Богдановиќ, е позитивен на Ковид-19, а веста ја соопшти на социјалните мрежи.
Почитувани сограѓани,
И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го…
Posted by Саша Богдановиќ on Среда, 24 февруари 2021
„И покрај заштита за целото време на пандемијата, резултатот од тестот што го направив утринава откога почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, напиша Богдановиќ на „Фејсбук“.
Македонија
Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на враќање од посетата на Париз, денеска, во Софија, оствари средба со својата бугарска колешка Екатерина Захариева.
Како што информираат од Министерството, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со корона-кризата и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.
„Во оваа пригода Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за средбата.
Во него се додава и дека на состанокот станало збор за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање втора меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер