Македонија
Хрватската вицепремиерка на средби со државниот врв

По покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, потпретседателката на владата и министерка за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економската соработка. Исто така, ќе бидат разгледани можностите и чекорите за натамошен напредок на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.
Во рамките на посетата предвидено е Пејчиновиќ-Буриќ да биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и од претседателот на Владата, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот не уценија сите на како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за „крвавиот четврток“, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестија, рече дека иако дел од обвинетите биле амнестирани тоа не значи дека не се виновни, туку напротив барањето за амнестија ја потврдува нивната вина.
– Да, лицата беа амнестирани ама ние немаме амнезија. Тоа што некој беше амнестиран не значи дека не е виновен. Напротив. Нивното инсистирање по секоја цена да се донесе законот за амнестија значи само едно. Амнестираните и тоа како беа свесни колку се виновни. Со тој закон не уценија сите нас како граѓани на оваа држава, рече Русковска.
Обвинителката исто така имаше коментар и на завршните зборови на Јане Ченто кој кажа дека од обвинителството му било понудено да биде заштитен сведок во случајот. На ова Русковска одговори дека тоа не е точно. Напротив, голем дел од обвинетите сами се нуделе да бидат сведоци, но сите биле одбиени. Таа додаде дека единствениот заштитен сведок во случајот не бил осомничен ниту пак обвинет за „крвавиот четврток“.
– Обвинителството од ниту еден обвинет ниту пак до Јане Ченто не побарало да биде сведок во постапката. Адвокатот на Ченто во завршните зборови во недостаток на докази додаде историски момент. Обвинението на неговиот клиент го спореди со неправедно осудениот Методија Андонов Ченто. Тоа што Ченто бил неправедно осуден не значи дека 7 негови колена нанапред не треба да одговараат за ништо, рече Русковска.
Шефицата на обвинителството за организиран криминал имаше коментар и на завршните зборови на бранителот на Мунир Пепиќ кој кажа дека упадот во Собранието не било терористичко загрозување на уставниот поредок, туку парламентарна демократија. На ова Русковска одговори со зборовите „парламентарна демократија бара мирно предавање на власта“.
По овие зборови на Русковска, неколку бранители и обвинети се пријави за збор поради што завршните зборови ќе продолжат утре кога и претседателката на судечкиот совет треба да даде датум за рочиште на кое ќе бидат изнесени пресудите за обвинетите за 27 април.
Македонија
Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио, зад кое стојат актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста поради вината за насилството од 27-ми април“, рече Костадинов.
Според Костадинов денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8-ми Септември“ е театар, а доказ за тоа е тоа, како што рече, е што Јанакиески не бил повреден. СДСМ го осуди инцидентот и оцени дека сценариото на ВМРО-ДПМНЕ не успеало поради брзата реакција од страна на надлежните.
Македонија
Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи преку социјалните мрежи.
Таа напиша дека нејзиниот сопруг побарал да биде отповикан од унапредувањето, а брат ѝ се откажал од ангажманот на определено во РЕК „Битола“. Стојчевска не кажува за вработувањето на својот син во ЕЛЕМ.
„Сепак, сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумската полиција – сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик-командир работи од 1998 година, уште на 14 февруари побара да биде отповикано привременото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на Шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство, одлучи да се врати на старата позиција, заменик-командир во Шумската полиција – сектор Делчево“, истакна Стојчевска.
Во однос на нејзиниот брат, Целе Велевски, таа вели дека тој преку Агенцијата за привремени вработувања бил ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК „Битола“, но се откажал од ангажманот.
„Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на своето семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно“, нагласува пратеничката.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа