Контакт

Македонија

Хуманитарен натпревар во Охрид, средствата ќе бидат донирани за лекување на Јана

Објавено пред

Вечерашниот натпревар помеѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има и хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на влезниците за натпреварот ќе бидат донирани за охриѓанката Јана Арсовска.

Дополнително, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат поставени и кутии за донации од охридскиот Црвен крст. Влезниците за натпреварот може да се набават на билетарницата во СРЦ „Билјанини Извори“, која ќе биде отворена од 12 часот и ќе работи до почетокот на натпреварот во 19 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Груевски: Пресудата на Врховниот суд за „Тенк“ не е изненадување

Објавено пред

За експремиерот Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, не е изненадување што Врховниот суд ја потврди неговата двегодишна затворска казна која му е изречна во случајот „Тенк“, а поради која избега од органите на прогонот. Тој коментирајќи го потегот на судот, вели дека не постои реформа или закон што може да промени нешто во македонското судство, бидејќи според него, државата функционира по принцип на мафијата каде власта контролирајќи го обвинителството и судот, преку фабрикувани случаи за да ги гони политичките неистомисленици.

„ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат ново донесени закони, но додека судиите функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има. Во моментот со најавеното т.н. “прочистување”, судот е под досега невиден притисок и страв и веројатно непостои судија кој воопшто размислува да се спротистави на власта која отворено од една страна најавува проверка на решените предмети на секој судија, која проверка ќе ја прави таа власт преку субјективна проценка на преставници избрани од неа, а од друга страна испраќа емисари да пренесат пораки до обвинителството и судот за тоа како како треба да одлучат за еден или друг предмет од оние кои им се важни и во фокусот на вниманието, напиша Груевски на „Фејсбук“.

Според него, власта создава лажна претстава за себе дека се бори против криминалот, а во позадина, тој тврди дека криминалот непречено функционира без застој и со полн капацитет.

„Покрај личната злоба, мотивите за овој политички прогон се водени од елиминирање на секој политички неистомисленик од кого власта која функционира на мафијашки принцип би можела да биде загрозена на еден или друг начин. Секако свесно ќе прават по некој исклучок за да имаат аргумент за дискусија, но принципот е тој. Доминантна е и потребата на власта за лажно претставување на наводна борба против криминалот пред јавноста и пред ЕУ додека во позадина криминалот непречено функционира без застој и во полн капацитет, а судско обвинителските органи не смеат да помислат да делуваат против главните актери на власта. Напротив ако веќе има од некого иницијатива, по кратка постапка ги прогласуваат за невини. Уште подоминантна е секако потребата економската инфериорност на власта и превземените обврските за отстапување и распродажба на националните интереси, дел завршени а дел во план, да се одвиваат во атмосфера на страв од одмазда кај секој кој би се спротиставил и со свртено внимание кон политичкиот прогон и фабрикуваните судски случаи кои да небеше политичкиот притисок немаше ни да влезат во судска постапка. Секако истите еден ден ќе завршат со фијаско независно дали пред домашните или меѓународните судови, но во меѓувреме власта со помош на контролираните доминантен број на медиуми ќе успева да го оттргнува вниманието од огромните злодела кои ги прави на народот и нацијата. И секако многу невини луѓе ќе страдаат во меѓувреме за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите Некаде со втерување страв, закани, уцени и заплашувања, некаде со поткуп но принципот е ист насекаде независно дали станува збор за работата на институциите на прогонот, медиумите, изборите или што и да е“, додава Груевски.

Груевски тврди дека премиерот Зоран Заев преку свои посредници вршел притисок и влијание врз Врховниот суд, а тоа го правел и преку пониските судови.

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од…

Posted by Nikola Gruevski on Friday, September 18, 2020

„Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија. Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна. Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот“, додава Груевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Објавено пред

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 27, Струмица – 15, Прилеп и Тетово по 13 и во Куманово – 11.

Во Дебар – 3, Штип – 5, Велес – 4, Битола – 5, Охрид – 2, Кавадарци – 1, Гостивар – 8, Гевгелија – 2, Крива Паланка – 1, Радовиш – 8, Крушево – 2, Кочани – 13, Македонски Брод – 1, Берово – 2, Виница – 1, Делчево – 3, Кичево – 2, Ресен – 2.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 22, Куманово – 33, Штип – 2, Прилеп – 7, Тетово – 2, Струга – 1, Битола – 4, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1, Крива Паланка – 3, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 4, Македонски Брод – 1, Берово – 2, Виница – 1, Делчево – 5, Свети Николе – 2, Кичево – 3.

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48), еден од Штип (65), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83), еден од Тетово (69), еден од Струмица (39), еден од Виница (63) и еден пациент од Кичево (56).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Јанкулоска ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Објавено пред

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по веста дека Врховиот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи…

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 18 септември 2020

„Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата. И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија2 часа

Мицкоски: Јанкулоска ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го...

Македонија2 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија3 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија3 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион4 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет5 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија5 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион5 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија5 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет6 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет6 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија6 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ7 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа7 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет7 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион7 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија19 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ19 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет20 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Досие