Контакт

Македонија

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Објавено пред

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.

Оттука уверуваат дека согласно стратешките определби, во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување соодветна дозвола за увоз од надлежното министерство, во случајов тоа е Министерство за животна средина и просторно планирање.

„На оваа тема добивме повеќе новинарски прашања дали досега е пријавен влез во Република Северна Македонија на одредена стока од компанијата ‘Блацион ДОО’. Во врска со ова информираме дека согласно нашите податоци компанијата ‘Блацион ДОО’ не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка. Дел од новинарските прашања се однесуваат на фирмите кои користат гориво од отпад. Согласно евиденцијата со која располага ЦУ, во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад“, велат од Царинската управа преку соопштение.

Со цел информирање на јавноста, Царинската управа сподели и информација за вкупно увезениот отпад во текот на 2019 година. Имено, вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони, за кои што секој увозник, како што тврдат од Управата, уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад.

Од Царинската управата додаваат дека со цел утврдување на евентуални неправилности, тие во соработка со Министерството за внатрешни работи преземаат одредени активности во насока на истражување на увозот на отпад. Овие активности продолжуваат во континуитет и со други надлежни институции, а за исходот од истите јавноста ќе биде навремено информирана.

Македонија

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни Уредбата

Објавено пред

Неискористените годишни одмори од 2019 година како и првиот дел од одморот за 2020 година задолжително треба да го користат само вработените во приватните компании кои ја користат мерката за чување дете до 10 години, бремените и вработените со хронични болести кои веќе останаа дома поради епидемијата од коронавирусот. Уредбата на Владата, без дополнителни насоки за постапување ги збуни приватните компании за тоа како и кому треба да му дадат годишен одмор за време на вонредната состојба.

Од Државниот инспекторат за труд за „Макфакс“ објаснуваат дека Уредбата не важи за вработените кои работат, без разлика дали тоа го прават од дома или пак од канцеларија.

„ Уредбата не важи за сите вработени во приватните компании туку само за оние кои сега користат некоја од мерките за родители на деца до 10 години, бремени жени или хронично болни и веќе седат дома. Оваа Уредба е всушност олеснување за приватниот сектор за да не се доведат во ситуација да мораат двапати да им даваат одмори на дел од вработените. За да не се случи оние кои сега седат дома веднаш откако ќе заврши мерката да побараат одмор па работодавачите да мораат двапати да ги пуштаат на платен одмор“, објасни Злате Стојановски, раководител во Државниот инспекторат за труд.

Доколку вработените, кои се веќе дома, имаат стар одмор од минатата година Уредбата ги обврзува да го искористат заклучно со 31 мај. Првиот дел, пак, од новиот одмор за 2020 година во траење од две недели , треба да го искористат до 30 јуни годинава.
Уредбата не остава простор работниците или пак работодавачите да не се согласни да се користи одморот.

„Уредбата има сила на закон, нејзиното почитување е императив. Не е оставен простор да избираат ниту вработените дали ќе го користат одморот ниту пак работодавачите дали ќе ги пуштат работниците на одмор“, вели Аљадин Хавзиу, директор на Државниот инспекторат за труд.

Вработените кои не користат некоја од мерките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, годишните одмори може да ги користат како и досега, односно стариот одмор од минатата година да го искористат заклучно со јуни, а првиот дел до крајот на годината. Оние компании кои поради работниот процес нема да имаат можност да им дадат одмор на вработените, одморот треба да им го платат.

„Работниците треба да знаат дека по нивен избор може да користат само два дена од годишниот одмор. Кога ќе го користат останатиот дел од одморот законски одредува работодавачот. Ако поради организирање на работниот процес во приватна компанија работодавачот на работникот не му даде годишен одмор, тогаш тој е обврзан да му плати за секој ден од одморот, а за пресметка се зема последната исплатена плата“, објасни раководителот Стојановски.

Тој ги охрабри сите работници да пријавуваат нерегуларности во Државниот инспекторат за труд кој постапува по секоја претставка.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денес на прашање како ќе постапуваат со оние кои нема да ги почитуваат Уредбите на Владата, вклучително и Уредбата за годишните одмори, рече дека за секое непочитување има одредби во Кривичниот законик и дека надлежните институции ќе поднесуваат прекршочни и кривични пријави.

Мерката еден родител на дете до 10 години да остане дома, како и дома да останат хронично болните и бремените почна да се применува од 11 март со заклучок на Владата.

Уредбата со законска сила за примена на Законот за работни односи беше објавена во Службен весник на 4 април. Со оваа Уредба Владата ги презема трошоците што компаниите ќе ги направат за трите категории граѓани кои останаа дома како мерка за заштита од коронавируост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови на Аеродром и Чаир

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 200 мм на булеварот Србија, утре без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците на дел од истиот булевар и бензинската станица „Окта“ (општина Аеродром).

Исто така, поради давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 400 мм на булеварот Никола Карев, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат и корисниците од улицата Топаанска и улицата Војдан Чернодрински (општина Чаир).

Прикажи повеќе...

Македонија

Следува потопло време со температури над 20 степени

Објавено пред

Времето утре наутро ќе биде студено, а преку ден сончево со слаб до умерен североисточен ветер, кој краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната од 12 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 18 степени.

Следува период на стабилно претежно сончево и сè потопло време. До четврток наутро на некои места температурите ќе бидат и неколку степени под нулата, а потоа малку ќе се покачат. Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над дваесеттиот степен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија17 минути

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни Уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година како и првиот дел од одморот за 2020 година задолжително треба да го користат...

Македонија4 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет5 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија5 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ6 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија7 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија7 часа

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија8 часа

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион8 часа

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија9 часа

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија9 часа

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија10 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион10 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија10 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет11 час

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Свет11 час

„Не ги следев советите што им ги давав на другите“ – главната советничка за здравство во Шкотска поднесе оставка

Главниот советник за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања...

Македонија12 часа

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата...

Свет21 час

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Свет22 часа

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти...

Досие