Контакт

Македонија

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ исплаќале 11 наместо 12 пати социјална помош секоја година

Објавено пред

Министерката Мила Царовска во одговор на пратеничко прашање го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за време на нивното владеење исплаќале 11 наместо 12 пати социјална помош секоја година. Покрај кратењето на еден месец исплата, тие тоа го правеле секогаш со доцнење од два месеци, за што Царовска приложи извадоци од системот на исплати од Министерството за труд и социјална политика.

Царовска посочи дека во сите релевантни извештаи на меѓународната заедница се критикувала ниската социјална помош која ја обезбедувала владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелната влада, истакна Царовска, работи интезнивно на воведување на минимален адекватен приход од околу 12.000 денари што ќе претставува повеќе од двојно покачување на сегашниот износ на социјалната помош. Министерката Царовска рече дека забрзано се подготвува новиот закон за социјална заштита кој се планира да стапи на сила во 2019 година.

Македонија

Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека е сè законски, но ова е од морален чин.

Не може да каже во име на другите функционери, но очекува да го следат неговиот пример.

Костадинов не открива каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.

Фанија Костадинова беше вработена во Централен регистар во Струмица. Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.

Во меѓувреме, антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата.

Во Кубот на пратениците ќе се одржи работна средба меѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по што еден час подоцна Заев ќе има средба и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кисела Вода додели нови 55 ваучери на новороденчиња

Објавено пред

Општина Кисела Вода додели нови 55 ваучери за новороденчиња, од кои 28 за женски и 27 за машки деца.

Локалната самоуправа еднократната парична помош, која е во висина од 6 000 денари, ја доделува на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

Од општината соопштија дека заинтересираните за добивање на оваа помош потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека е сè законски,...

Македонија54 минути

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија1 час

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија2 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток2 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ3 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија4 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет6 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет7 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ17 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија21 час

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија21 час

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија21 час

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Досие