Контакт

Македонија

Царовска: Во 600 училишта настава со физичко присуство, во преостанатите на далечина

Објавено пред

Утре, и официјално почнува новата учебна година, 600 училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство, а за преостанатите достапно е учење на далечина, истакна на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа потенцира дека оваа година ќе биде многу поинаква од другите бидејќи, како што рече, пандемијата предзвика тектонски промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен почеток и очекува соработката да продолжи и во периодот што следува.

Осврнувајќи се на Националната платформа, министерката рече дека вчерашниот тест на системот „Тимс“ се покажал успешен и учениците ќе почнат да ја следат наставата согласно планот. Часовите ќе се одвиваат онлајн онака како што е планирано, а продолжува оптимизацијата на другите модули од самата платформа, кои сè уште не се активни.

„Со задоволство можам да кажам дека ја завршивме успешно обуката на наставниците за користење на платформата. 1.600 наставници ги поминаа обуките од мастер-тренерите и станаа училишни обучувачи. Тие понатаму ги обучуваа наставниците во сите училишта во државата. Најважно е што во секое училиште имаме училишни обучувачи, кои вештините за работење на платформата им ги пренесуваат на своите колеги и ќе бидат нивна поддршка“, нагласи Царовска додавајќи дека колегите од ФИНКИ во текот на целата учебна година ќе бидат на располагање за наставниците, родителите и учениците, а со цел навремено надминување на евентуалните предизвици од техничка природа.

Царовска се осврна и на, како што рече, едно од најгорливите прашања изминативе денови, а тоа е како децата кои немаат компјутери ќе ги следат предавањата потенцирајќи дека на ниедно дете правото на образование нема да му биде скратено.

„Оние деца што немаат опрема, компјутери или од кои било причини не може да следат настава онлајн, може да ја следат од училница. Доколку, пак, не може или родителите одлучиле да не одат во училница, за сите ќе биде обезбеден потребниот печатен материјал за да учат дома. Овие ученици ќе бидат во постојана комуникација со наставниците, а сите предавања ќе може да ги следат и на телевизија како снимени часови“, рече министерката додавајќи дека можеби ова не е најидеалното решение, но сепак овозможува опфат на сите ученици за редовно следење на наставата. Информира и дека во речиси 600 основни и средни училишта е дозволено да се организира настава со физичко присуство од вкупно пристигнати 864 барања од страна на основачите“, рече Царовска.

Посакувајќи им успех на сите ученици и наставници, Царовска апелира сите да бидат трпеливи, истрајни и почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, како што рече, заеднички да придонесеме за успешен почеток и заокружување на новата учебна година.

На прес конференцијата се обрати и заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани, кој рече дека пандемијата само го забрза процесот на модернизација на националниот образовен систем, во кој прв чекор е дигиталната транзиција преку изработката на Националната платформа за далечинско учење. Шабани рече дека предизвици секако ќе има во новата учебна година бидејќи се соочуваме со целосно нова состојба, но ќе се надминуваат тековно за што, како што рече, очекува соработка и разбирање од наставниците, учениците и од родителите.

Во името на работниот тим задолжен за развој и имплементација на Националната платформа за учење на далечина се обрати Александра Наќева-Ружин, која нагласи дека конципирањето и развојот на решение бил исклучително динамичен и комплексен процес, кој се спроведува во крајно лимитирани временски услови.

„Да се дизајнира и развие онлајн-решение кое ќе биде функционално и стабилно и имплементирано на унифициран начин од страна на 26.000 наставници при одржување настава на над 250.000 ученици, и тоа на разни наставни јазици, е исклучително комплексна задача и неверојатно амбициозна земајќи ги предвид кусите временски рокови. Но, со јасна цел, беспрекорен план и, пред сè, одличен тим, за безмалку еден месец успеавме да развиеме и подготвиме за имплементација интегрирано решение за онлајн-образование во сите над 1.000 јавни основни и средни училишта на територијата на целата држава. Платформата ги зближи академијата и јавниот сектор и е резултат на егземпларна соработка помеѓу Министерството за образование и наука и ФИНКИ, која треба да се развива и негува и понатаму“, рече Наќева-Ружин.

Продеканот на ФИНКИ, проф. д-р Боро Јакимовски, рече дека Факултетот ја презеде одговорноста да ја подготви платформата, при што за неполн месец ја постави инфраструктурата, која е основата за развој на платформата.

„Платформата тековно има околу 270 илјaди корисници, на неа се креирани околу 150 илјади предмети и тековно до сега се имаат најавено речиси 160 илјади корисници. Корисничките лозинки беа креирани и дистрибуирани како за наставниците така и за учениците. ‘Мајкрософт тајмс’ е делот што поактивно ќе се користи во претстојниот период со цел да се одржат онлајн-предавањата, а платформата ќе ја ставиме на располагање преку која ќе бидат достапни материјалите, како и тестовите и други содржини во електронска форма“, рече Јакимовски.

Македонија

Роденденска крводарителна акција во Карпош

Објавено пред

По повод 44 годиини од постоењето на Општина Карпош, а во рамките на традиционалните „Денови на Општина Карпош“, денеска ќе се организира роденденска крводарителна акција.

Оваа хуманитарна акција Општината, заедно со Републичкиот завод за трансфузиологија и Црвениот крст на Карпош, локалната самоуправа ќе ја спроведе во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во периодот од 9 часот наутро до 16 часот, при што крв ќе даруваат само вработените од општинската администрација.

Досега се пријавени потенцијални 40 крводарители, а акцијата ќе се спроведе според сите заштитни протоколи во услови на ковид пандемијата. Тоа подразбира дека во периодот од еден час крв ќе даруваат најмногу околу четири до пет дарители на крв.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Објавено пред

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Кабинетот соопштија дека на деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ повика на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност“, порача опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.

„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Македонија10 часа

Маските стануваат задолжителни на отворено, Собранието ги изгласа законските измени

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија11 час

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија11 час

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија12 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет14 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија17 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија18 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија18 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија18 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија19 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија19 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија20 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет20 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија21 час

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет22 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија23 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет23 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет24 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет24 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Досие