Контакт

Интервју/Дебата

(Видеоинтервју) Царовска: Од 1 јануари 2019 воведуваме целосно нов концепт на социјална заштита

Објавено пред

Mila Carovska

Просечната плата порасна во споредба со лани, а минималната даде најголем притисок врз растот на просечната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во интервју за „Макфакс“.

„Со подигањето на минималната плата на 12 илјади денари се поттурнаа сите плати во нашата држава“, вели Царовска.

На прашањето дали и колку порастот го чувствуваат граѓаните, рече дека оној што во септември 2017 година примал 8.000 денари, денеска зема 12.000 денари, што е една третина повеќе и значи дека тој граѓанин чувствува разлика во квалитетот на живеењето.

Министерката е искрена во очекувањето дека за да постигнеме просечна плата од 30 илјади денари, потребни уште политики што ќе ја подигаат платата и што ќе го подобрат квалитетот на живеење.

На прашањето дали за две години стапката на сиромаштија може да падне од 20 на 16 отсто, Царовска рече дека Владата вовела низа мерки со кои директно се влијае врз намалување на стапката на сиромаштија. „Минималнта плата ја зголемивме и тоа дава ефект врз намалување на сиромаштијата, најавивме воведување минимален адекватен приход или социјалната помош ќе биде над линијата на сиромаштија од 1 јануари 2019 година и очекуваме дека таа програма ќе го даде најголемиот ефект. Најавивме дека ќе имаме и државна пензија за оние што навистина немаат никаков приход, а се над 65 години. Сите тие мерки треба да влијаат врз намалување на сиромаштијата“, тврди Царовска.

Жителите на Тимјаник беа дезинформирани

Министерката рече дека главна заложба на Владата е да ги трансформира нехуманите големи институции: „Мислам дека жителите на Тимјаник беа дезинформирани и навистина ги немаа вистинските информации и токму затоа одлучив дека треба да се видиме лично, да разговараме, да ги видиме нивните ставови, сите стравови и стереотипи што ги имаат и по еден толку подолг дијалог и зад затворени врати и пред камерите, дојдовме до заеднички заклучок дека таков мал групен дом ќе придонесе за селото и затоа одлучивме стратегијата да се вика Тимјаник зашто беа оцрнети како граѓани“.

„Тимјаник е секаде околу нас. Само со промоција и отворена дисуксија може да постигнеме и едукација, но и со примерите. Граѓаните најчесто се плашат кога нешто не знаат“, вели Царовска.

Министерката одговори дека примерите со Домот „25 Мај“ и случајот на загинатите дечиња во Велес се драстични примери што излегуваат во јавност, но секојдневно има многу случаи зашто системот не реагира навреме: „Превенција нема. Центрите за социјална работа беа оставени да се распаѓаат. Системот за социјална заштита многу години беше употребуван за да ги злоупотребува граѓаните што се во ризик. Нашата намера не е да носиме популистички мерки и да речеме дека сите граѓани се згрижени. Тоа е невозможно. Имаме 20 отсто сиромаштија, исклучени граѓани, кои едноставно не може да се пронајдат во системот“.

Граѓаните со право се незадоволни од Комисијата за заштита од дискриминацијата

Царовска вели дека Комисијата за заштита од дискриминацијата е иста зашто важи стариот закон: „Граѓаните се со право незадоволни зашто од таа Комисија имавме навистина изјави од комесарите што беа дискриминаторски, што значи дека таа не може да ги заштити граѓаните. Новиот закон нè приближува до меѓународните стандарди за заштита од дискриминација“. Mинистерката повтори дека првпат се воведува родов идентитет, сексуална ориентација и забрана за вршење дискриминација, но се воведува лице со попреченост, групна тужба, се исклучуваат судските трошоци, што значи полесно ќе се стигнува до правда и една нова комисија неоптоварена со партиски примеси.

„Ќе ги штитиме работниците, а не работните места“

Во интервјуто министерката посочи дека се подготвува нов закон за работни односи. „Работодавачите, синдикатите, Министерството и здруженијата на граѓани веќе ја направија првата верзија од законот и тој сè уште се усогласува зашто тоа е трипартитен дијалог кој мора да го има“.

Редефинирање на центрите за социјална работа, минимален адекватен приход

Царовска рече дека Министерството подготвува законски и подзаконски измени во нов закон за социјална заштита, кој вклучува редефинирање на центрите за социјална работа, минимален адекватен приход, социјални услуги…

Интервју/Дебата

(Видеоинтервју) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на шарената револуција

Објавено пред

Чии ставови брани сега пратеникот Павле Богоевски, оние на шарената револуција или на СДСМ, беше главната тема на интервјуто за „Макфакс“, каде што тој зборуваше за актуелните теми поврзани со амнестијата, измените во Кривичниот законик, бегството на Никола Груевски, како и критиките од неговите соборци од шарената револуција.

Богоевски беше еден од најгласните противници на амнестијата. Во повеќе наврати тврдеше дека амнестија за 27 април нема да има, но сепак гласаше за Законот за амнестијата.

„Во моментот немав информации дека помирувањето ќе резултира со амнестија. Мојот став за 27 не е променет, мислам дека е срам тоа што е направено. Јас се извинувам, но ниту еден одделен став ниту една репутација не е вредна за да се помине во изолација“, вели тој и додава дека со пратеникот Крсто Мукоски не разговара, а со Сашо Василевски само се поздравува.

„Кога сфатив дека нема што друго да се направи за да се добијат 80 гласа за уставните промени, тогаш го променив ставот за амнестијата“, вели тој.

Богоевски признава дека неговата репутација е нарушена, вели дека се кае што станал пратеник, но дека мора да ги исполни обврските додавајќи дека политиката е валкана работа.

Иако неговите соборци од шрената револуција жестоко го критикуваат, тој вели дека се смета за легитимен претставник на шарената револуција, а критиките од неговите соборци ги смета за нормални.

„Би бил разочаран ако тие имаат поинаков став од критичкиот“, вели Богоевски.

Тој не сака да разговара за бегството на експремиерот, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. На нашите прашања кусо одговараше дека ќе чека да заврши истрагата за да го каже својот став.

На прашањето дали како последица на разочарувањата што ги предизвика тој има намера да поднесе оставка, Богоевски е дециден дека такво нешто нема да се случи додека Македонија не се исправи на патот кон ЕУ и НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Објавено пред

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од Владата на Виктор Орбан. Тој работи во веб порталот 444.hu, кој има над 350 илјади посети дневно, а Ерделај се занимава со истражувачки теми, национална безбедност и корупција.

Како и за секој друг новинар, случајот со бегството на премиерот Никола Груевски во Будимпешта и барањето политички азил во државата која остро се противеше на влезот на мигрантите, е предизвик за пишување и истражување, но толкувањата за тоа како и зошто се случило бегството се различни, во зависност од тоа во чии раце се медиумите. За Унгарија е познато дека Виктор Орбан под своја контрола ги држи најголемите телевизиски куќи, слично како и за време на владеењето на Груевски, кога со владини реклами буквално се купуваа и правеа вестите. Тоа е само една од сличностите во владеењето на Орбан и на Груевски. Втората сличност, е анти-Сорос пропагандата.

Со познатиот унгарски истражувачки новинар разговаравме за начинот на кој медумите во Унгарија го третираат барањето за азил на поранешниот премиер Груевски, за инволвираноста на Орбан во целиот случај и за можните понатамошни сценарија.

„Најкратко кажано, унгарските медиуми се поделени на провладини и на независни, иако ситуацијата е малку покомплицирана од тоа. Медиумите контролирани од власта, кои се мнозинство, спинуваат многу наративи за барањето на политички азил на вашиот поранешен премиер, особено дека Груевски бил таргетиран од Сорос, кој е третиран како ‘вештерка’ во Унгарија, исто како и во Македонија. Независните медиуми се изненадени или шокирани од веста. Никогаш досега сме немале сличен случај и како што тој се развива, така станува сè поинтересно, посмешно и позабавно“, вели Ердалај за „Макфакс“.

Тој вели дека „би се кладел“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан до некој степен е вмешан во организирањето на бегството на Груевски, особено по обелоденувањето на информациите дека тој се движел со дипломатско возило од унгарската амбасада во Тирана, од каде што го продолжил патот во Црна Гора. На нашето прашање дали смета дека Груевски ќе добие политички азил во Унгарија, тој одговара:

„Не знам дали ќе добие азил, но чудно би било власта да потроши толку пари и политички капитал за да го донесе тука, а потоа да му го одбие барањето. Мое мислење е дека процесот ќе се развлекува, а потоа ќе „исчезне“ од видикот на унгарските власти, за тие да не ја направат тешката одлука. Можеби Груевски ќе заврши во Москва, но сето ова се нагаѓања, тешко е да се предвиди конечниот епилог“, смета тој.

Сепак, со оглед на политичката ситуација во Унгарија, каде што ретко се преземаат одлуки без зелено светло од кабинетот на премиерот, Ерделај смета дека Груевски не би можел ниту да побара азил без тоа да го знае лично тамошниот премиер Орбан.

„Чисто се сомневам дека било кој од Канцеларијата за имиграција би направил било каква одлука за Груевски без да побара насоки од кабинетот на премиерот. Ова е чувствителна тема, зошто некој би ризикувал да направи „погрешна“ одлука? Оттаму би се кладел дека Орбан е замешан до некој степен“, вели унгарскиот новинар.

На прашањето дали ваквите одлуки на Унгарија би ја нарушиле позицијата на земјата во Европската унија, Ерделај без многу размислување вели дека ова нема да биде првпат Унгарија да носи одлуки кои можеби не се дочекуваат со раширени раце од страна на ЕУ.

„Дури и ЕУ да се противи на одлуката, а не се сомневам дека не им се допаѓа, што можат да сторат? Ваквите случаи не можат да се решаваат на ниво на ЕУ, па дури и да можеа, Орбан знае да ги прекршува стандардите на ЕУ и на НАТО и повторно се извлекува“, смета тој.

Тој вели дека унгарските медиуми, исто како и Хелсиншкиот комитет за човекови права пишуваат и реагираат на начинот на кој Груевски побарал азил, на сосема нетипичен начин и надвор од стандардните протоколи.

„За азил се аплицира во транзитните зони, во Србија, каде што барателите на азил се задржуваат додека нивниот случај не се расчисти. Најголем дел од барањата за азил се одбиваат бидејќи Србија се смета за безбедна земја. Оттаму, случајот со македонскиот поранешен премиер е надвор од сите стандардни протоколи“, вели Ерделај.

За крај, го прашуваме унгарскиот новинар зошто смета дека Груевски ја одбрал токму Унгарија како свое место за прибежиште, а тој без двоумење одговара дека е поради политички и бизнис интереси, а како резултат на сличностите што ги делат двајцата лидери, едниот поранешен а едниот актуелен.

„Анти-Сорос пропагандата ги зближи, Груевски беше првиот кој застана зад Орбан за ова прашање. Нивната про-руска тенденција е повеќе од очигледна, па затоа тука се шпекулира дека неговата крајна дестинација ќе биде Москва. Нашите сознанија се дека и двајцата имале ист американски советник, имаат слични карактерни особини, а разликата е само што Орбан има повеќе пари и со тоа и повеќе можности и што Унгарија е поголема земја и членка на ЕУ и на НАТО“.

Сепак, интересот на Унгарија во случајов сè уште останува нерасчистено прашање, и во македонската, а очигледно и во унгарската јавност.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видеоинтервју) Филипче: Додека да се направи новиот Клинички, инвестираме таму каде што е најкритично

Објавено пред

Информациите дека се разгледува можноста Детската кардиохирургија да биде префрлена во приватната болница „Филип Втори“ на Жан Митрев во јавноста роди големи полемики во однос на тоа дали ова значи деградирање на јавното здравство и стимулирање на лекарите да преминуваат во приватниот сектор.

Најавата за можно јавно-приватно партнерство меѓу јавното здравство и приватна болница за првпат се случува во Македонија, па оттаму оправдани се и дилемите во јавноста дали и колку овој систем може да профункционира во земјава, особено што неразјаснети остануваат голем број прашања околу покривањето на трошоците, капацитетот на операциите на децата на годишно ниво, како и перспективите на јавното здравство.

Во интервју за „Макфакс“, министерот за здравство, Венко Филипче, објаснува на кој начин би течел процесот на јавно-приватно партнерство, тврдејќи дека „во овој момент не може да се обезбеди интегриран тип на здравствени услуги кои бараат мултидисциплинарен пристап“.

Кадарот кој од Детската кардиохирургија ќе премине во „Филип Втори“, според Филипче, ќе биде платен од приватната болница, а операциите за децата ќе бидат целосно обезбедени од фондот. Тој за „Макфакс“ демантира дека преговарал по завршувањето на мандатот кариерата како неврохирург да ја продолжи токму во „Филип Втори“.

Недостигот од покрупни инвестиции во здравството и преминувањето кон јавно-приватни партнерства министерот за здравство го правда со фактот што сè уште се чека на изградбата на новиот Клинички центар, за кој не може да даде прецизен рок кога и каде би бил изграден.

„Нема да правиме големи инвестиции во еден стар кампус и затоа инвестираме онаму каде што е најкритично“, вели тој.

Со Филипче разговаравме и за новиот тендер за реагенси тежок 35 милиони евра, откако претходниот беше поништен поради сериозни пропусти во постапката, а обвинителството отвори истрага.

Министерот признава дека се соочил со суштински проблеми во неговиот сектор откако дошол на функцијата, но вели дека е задоволен од досегашната негова работа, како и од соработката со директорите на клиниките, кои беа поставени на функциите како партиски кадри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа3 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија3 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток6 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија6 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија6 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија8 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија9 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија9 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија10 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија10 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток11 час

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток11 час

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ11 час

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет12 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија12 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет13 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет13 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие