Контакт

Македонија

(Видео) Цаца Николовска: Собранието треба да го толкува Законот за СЈО, не Врховен

Објавено пред

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, смета дека Врховниот суд не e тој кој треба да дава начелно мислење со кое треба да запрат постапките на специјалното јавно обвинителство, туку Собранието, кое е надлежно да го толкува законот, бидејќи тоа го има донесено.

dobivaj vesti na viber

„Моја прва реакција беше дека Врховниот суд во дадената ситуација не е надлежен да постапува во таа насока. Затоа, доколку има некаков проблем со толкување на законот, потребно е да се побара толкување од Собранието, а доколку има проблем од аспект на квалитетот, треба да се побара од Уставен суд. Дури сега е очигледно дека одредени лица собрале снага и храброст тоа да го направат. За 18 месеци ваква пасивност од сите страни е недозволива и ако некој смета дека со ова начелно мислење одредени лица ќе бидат ослободени од одговорност, тоа ќе биде катастрофа за Македонија. Факт е дека Собранието го донело и најдобро го познава духот на законот и затоа тоа најдобро може да одговори на поставеното прашање“, рече Цаца Николовска.

Цаца Николовска смета дека сите истражни постапки за предмите на СЈО треба да се довршат, а осомничените да сносат кривична одговорност.

„Правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги доврши. Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на ова обвинителство. Тоа е голем и јак елемент за негово постоење. Со негово минимизирање сега, во некои медиуми имаше напис дека СЈО е мртво, јас не се согласувам со тоа. Сепак нема да може да се ослободат од кривична одговорност на овој начин“, додава таа.


Вера Коцо, поранешен судија, смета дека начелното мислење на Врховен суд сепак ќе има влијание врз одлуките на судиите.

„Ова мислење, според мене, е штуро, без она што значи помош од судовите во примена на законите. Но, сепак бидејќи е донесено од највисок орган, ќе има влијание на пониските судови во смисла на прејудицирано решавање на споровите. Ниту еден судија нема да се осмели да размислува различно од она што го дал Врховен, со исклучок на судии кои држат до својот интегритет и ќе размислуваат поинаку од начелното мислење“, додава Коцо.

 

Македонија

Жирафата Флопи угиналa како резултат на агресивен карцином кој метастазирал и на белите дробови, соопшти ЗОО Скопје

Објавено пред

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи, од ЗОО Скопје соопштија дека врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина е добиен заклучок во кој се констатира дека жирафата Флопи угинала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

dobivaj vesti na viber

„Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите и посетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“, се истакнува во соопштението од ЗОО Скопје.

27.11. 2023 година, како што велат, за нив бил трагичен ден.

„Прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа“, се истакнува во информацијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Првото селфи на слобода, објави Боки 13

Објавено пред

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија од пред Соборниот храм во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи напиша дека ова му е прво селфи на слобода по 4 години.

Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош , прво и најважно здравје а потоа се ќе си дојде на свое место“, пишува Боки 13.

Тој неодамна излезе од затвор поради здравствени проблеми.

Беше осуден во предметот Рекет.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Поради снег, забрана за товарни возила на „Ѓавато“

Објавено пред

Од АМСМ информираат дека поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на превојот „Ѓавато“

dobivaj vesti na viber

„Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ, се наведува во официјалното соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Земјата се соочува со епидемија од корупција, црната листа ќе се проширува, најави Агелер

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но...

Македонија8 часа

Со возило на фирма струмичанецот му помогнал на Палевски и го пренел преку Турција, обвинителството нареди истрага за возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело...

Македонија8 часа

Анѓушев: Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото...

Македонија10 часа

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија11 часа

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија11 часа

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија11 часа

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија11 часа

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија12 часа

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет13 часа

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...

Свет14 часа

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за вклучување на областите контролирани...

Македонија14 часа

Запленети непријавени 50.600 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници,...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена,...

Свет15 часа

Сенатот го блокираше новиот пакет американска помош за Украина и за Израел

Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел во вредност од милијарди долари беше блокиран вчера од републиканците во...

Македонија1 ден

Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, замина...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време, не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат

Претседателот Стево Пендаровски денеска кажа дека не размислува за втор мандат во вакви траорни времиња. „Прашањето на вашата колешка беше...

Македонија1 ден

Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, информираат од ресорното министерство. Појаснуваат дека истото...

Македонија1 ден

Побарана екстрадиција на Палевски поради убиствата

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања...

Македонија1 ден

Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна...

Македонија1 ден

Мажoт кој го возел Палевски до Турција доби 48-часовен притвор

Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот...