Македонија
Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од институциите.
Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено пред празниците.
„Тоа што мислеа дека ќе нè надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање, а не наеднаш да се зголмеуваат цените на одредени продукти. Тоа е нечовечно однесување. Реакција од институциите ќе има уште денес, а ако продолжат така, реакцијата ќе биде поголема во периодот што следува“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека трикови од овој тип нема да поминат.
Мицкоски истакна и дека имаат и други мерки на располагање, кои може да ги преземат за производите да не поскапуваат, а за кои јавноста ќе биде информирана.
Премиерот претходно вчера најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Перински во Ѓорче Петров: Продолжуваме со балансиран развој на целата општина за подобра иднина на сите

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Ѓорче Петров, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. Одржаа работна средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет, на која разменија мислења за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, зборуваа за предизвиците со кои се соочува Општината, нејзините тековни проекти, како и за подготвеноста за учество на вториот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, кои ќе се финансираат од државниот буџет.
Според министерот Перински, Ѓорче Петров е една од скопските општини која покрај урбаниот, има значителен и рурален дел, што претставува голем предизвик за одржување на баланс за еднакви можности за сите граѓани.
„Ме радуваат напорите на градоначалникот Стојкоски и целиот труд кој го вложува и балансирано инвестира и во руралниот и во урбаниот дел, бидејќи само тоа е формулата по којашто може успешно да се развива една локална самоуправа. Министерството во рамки на своите можности и ингеренции и натаму ќе продолжи да биде поддршка и партнер на Општината, а тука е и поддршката од Владата, со што заедно ќе продолжиме да се движиме кон поразвиена и поуспешна иднина за сите“, истакна министерот Перински.
На средбата се дискутираше за фискалната децентрализација, општинските советници побараа да се разгледа можноста во Законот за локална самоуправа да се вметне механизам со кој советниците ќе бидат обврзани да присуствуваат на состаноците на општинските комисии, а беше предложено и да се покрене иницијатива за враќање на старите меѓуопштински граници со што би се решиле повеќе проблеми со кои се соочуваат жителите.
Градоначалникот Стојкоски, изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството и Владата и ја поздрави иницијативата за теренските посети на општините, оценувајќи ги како исклучително битни, исто како и владината финансиска поддршка за реализација на инфраструктурни општински проекти.
„Комуникацијата се интензивира и е на едно одлично ниво, жителите на Ѓорче Петров може да очекуваат уште многу подобрувања. Конечно ќе го постигнеме балансот меѓу урбаниот и руралниот дел со што ќе постигнеме еднаков развој во сите делови, а Ѓорче Петров во наредниов период ќе отиде на друго, повисоко ниво кое без оваа сериозна, историска поддршка на инвестиции, не би можела да се случи“, изјави градоначалникот Стојкоски.
Утре, во рамки на „Каде што срцето е дома“ во Општина Ѓорче Петров, министерот Перински ќе одржи средба со сите граѓани, претставници на невладини организации, спортски и културни работници, кои сакаат да дадат свои предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 18.30 часот во Домот на културата.
Македонија
Николоски: Македонија со историски раст од над 1 милијарда евра на странските инвестиции

За првпат Македонија надмина над 1 милијарда евра директни странски инвестиции и очекувам овој тренд на зголемување да продолжи и оваа година, истакна вицепремиерот Александар Николоски денеска од Охрид.
“Можам со гордост да кажам од она што ги имаме како бројки од Заводот за статистика, минатата година ќе биде рекордна година по привлекување на странски инветстиции во смисла на вредност на истите. Ќе надминеме за првпат во историјата на Македонија преку 1 милијарда евра, а оваа година очекувам истиот тренд да продолжи. Тоа не значи само нови инвеститори, тоа значи и зголемување на капацитетите на постојните инвеститори како на пример зголемувањето на капацитетот на компанијата Костал и тоа е нешто што ќе продолжиме да го стимулираме како Влада” – истакна вицепремиерот Николоски.
Во рамките на глобалниот настан за добавувачи што се организира во Охрид во рамки на Групацијата Костал, вицепремиерот Николоски истакна дека многу домашни мали и средни компании можат да се вклучат во ланецот на добавување што ќе значи проширување на нивниот капацитет, отворање на нови работни места и раст на севкупната економија.
Македонија
Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците

Денес и формално, Владата потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во областа на филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра. Овие уреди, кои ги донира ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, како долгогодишен партнер на реномираниот германски производител MANN & HUMMEL ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење, информира Марија Митева, портпаролка во Владата.
„Загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија. Во контекст на напорите на Владата во преземањето значајни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот преку капитални проекти, како Влада активно работиме на долгорочни стратегии и решенија за намалување на загадувањето, преку инвестиции во одржливи енергетски решенија, зголемена контрола на емисиите и поддршка на зелени технологии. Сепак, додека спроведувањето на овие мерки бара време, ваквите брзи и ефикасни донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита пред се на здравјето на граѓаните. Сепак, успехот во оваа област зависи од заедничките напори на сите сектори. Затоа како Влада особено го истакнуваме значајниот придонес на приватниот сектор, како што е оваа донација од 255 системи за филтрација на воздухот во вредност од 1 милион евра“, посочува Митева и додава:
„Дозволете ми дополнително, во име на Владата да истакнам дека безрезервно ја цениме и посетата на претставниците на реномираниот производител MANN & HUMMEL, кои заедно со тимовите од Владата и ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје ќе продолжат да ги разгледуваат можностите за понатамошна соработка во рамките на долгорочни и можности за дополнителни одржливи решенија. Се надеваме дека овој пример ќе послужи како инспирација за други компании да се вклучат да придонесат во заедничката борба за почист воздух и се разбира поздраво општество. Ние како Влада остануваме и понатаму посветени при преземање на активности против аерозагадувањето.“