Контакт

Македонија

Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа без струја, пациентите во неизвесност

Објавено пред

Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта бидејќи во установата моментно нема струја, а не работи ниту агрегатот што го поседуваат.

„Дијализата почна во 7.30, а струја снема во 8 часот. Болницата има агрегат, но не работи. Вработените ни кажаа дека имало некаков дефект со далноводот во Автокоманда и дека тоа е причината поради која нема струја. Не знаеме до кога ќе трае ова и до колку ќе седиме тука“, вели еден од пациентите.

Ова не е првпат пациентите да се жалат на услугите од Центарот за дијализа во Железара. Жалби досега имаше и за условите во болницата, односно дека нема соодветна апаратура за дијализа, па во одредени ситуации се импровизира, а исто така пациентите беа револтирани и од несоодветниот транспорт што го нуди болницата, т.е. превоз на болните
до болницата.

Виктор Јованов

Македонија

Ешерихиа коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Објавено пред

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари, извори и чешми во Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Чучер Сандево – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

Исто така, водата за пиење – каптиран извор – чешма осум чупурчиња – село Чучер Сандево – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Свети Никита – село Горњане – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Pseudomonas Spp и зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Свети Николе не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформни бактерии, како и водата од чешма сред село Горњане – општина Чучер Сандево.

Водата за пиење – каптиран извор – стара чешма во село Горњане – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Enterococcus, а водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

Понатаму се додава дека и водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма двор во Свети Илија – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.Водата за пиење – каптиран извор – чешма во двор во Свети Илија – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Pseudomonas aeruginosa.

Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма Сељац – село Бањани – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии, како и водата од чешма до рибник Дуло – село Бањани – општина Чучер Сандево, чешма во Горно Маало – село Мирковци – општина Чучер Сандево. Водата за пиење – каптиран извор – чешма сред село Мирковци – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.

Бактерии се пронајдени и во водата за пиење – каптиран извор – селска чешма долна во село Мирковци – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.Водата за пиење – каптиран извор – чешма – село Мирковци – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии и зголемен вкупен број на колонии на 37 степени целзиусови.Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Бразда – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Глуво – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

„Водата за пиење – бушен бунар – чешма во двор – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.
Водата за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Побожје – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење – каптиран извор – чешма во Горно Маало – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата за пиење – каптиран извор – чешма Попова – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

Водата за пиење – каптиран извор – чешма Усова – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.Водата од чешма во црква – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата од чешма во црква Свети Архангел – село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

Водата за пиење од јавна чешма во дол – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата за пиење од чешма сред село Кучевиште – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење од јавна чешма во дол – село Бразда – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии, како и од копан бунар –двор – село Кучевишка Бара – општина Чучер Сандево.Неиправна е и водата за пиење – каптиран извор – кај Чамите – село Боговиње – општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии“, се наведува во соопштението.

Од ЦЈЗ-Прилеп известуваат дека бактериолошки и физичкохемиски се неисправни водите за пиење во следните населени места: Л.В.с.Сланско–двор, с.Модриште-продавница, с.Самоков – продавница, ОУ село Д.Манастирец, село Манастирец-продавница, с.Пласница-продавница, ОУ с.Пласница, с.Преглово-здравствена станица. Додека само бактериолошки се неисправни водите од Регионалниот водовод с.Лисичани – двор и ОУ „Б.Миладиновци“, село Самоков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Пензиите ќе се покачат од 850 до 900 денари

Објавено пред

Буџетот за 2020 година превидува зголемување на пензиите како резултат на зголемување на минималната и просечната плата.

„Пензионерите ќе добијат покачување од 850 до 900 денари. За жал, минималната пензија е 8.940 денари, а просечната пензија 14.000 денари“, рече премиерот Зоран Заев на денешната презентација на предлог -буџетот за 2020 година.

Премиерот Заев најави зголемување на платите на медицинскиот персонал, а од 1 јануари и на просветните работници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средбата со организацијата „Македонија 2025“ разговараше за актуелни политички прашања

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети, кои се клучни за напредокот на земјава, соопшти партијата.

„Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.
Граѓаните сè повеќе осиромашуваат поради оваа Влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион што живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од Владата се само нервозен рефлекс по три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.

На Република Македонија ѝ е потребна нова влада, влада што ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада што ќе се залага за остварување проекти, а не влада што има остварено само 2 отсто од ветеното, како сегашната. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството. Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Ешерихиа коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Македонија1 час

Заев: Пензиите ќе се покачат од 850 до 900 денари

Буџетот за 2020 година превидува зголемување на пензиите како резултат на зголемување на минималната и просечната плата. „Пензионерите ќе добијат...

Топ2 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија2 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија2 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион2 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија4 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет4 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион4 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија15 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет16 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија21 час

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија22 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија22 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија23 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија23 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија23 часа

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија1 ден

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Досие