Контакт

Македонија

Ципрас: Постигнат е добар договор, исполнети се барањата за уставна промена и ерга омнес

Објавено пред

По средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, премиерот на Грција, Алексис Ципрас изјави дека е постигнат добар договор со кој се исполнети грчките барања за уставна промена и ерга омнес.

Ципрас ќе продолжи на средби со грчките политички лидери, како и со претседателот на грчкиот парламент.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на Спасовски со резидентните амбасадори од земјите членки на ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со резидентни амбасадори од земјите членки на Европската унија, во нашата држава.

На средбата беа изразени честитки до Спасовски и до Владата за доследното спроведување на обврската од Пржинскиот договор и формирањето преодна Влада, три месеци пред изборите, што се препознава од страна на ЕУ, како зрелост на демократијата во земјава.

На состанокот силно се поздравени заложбите на премиерот Спасовски и на Владата за продолжување на реформите, за продолжувањето на дијалогот со опозицијата, за јасните определби од Владата за почитување на добрососедските односи и договорите со Република Грција и Република Бугарија, за спроведување фер избори, што се од значење за стабилноста на граѓаните и нашата држава и за интеграциите во НАТО и кон ЕУ.

На средбата е потврдено дека Република Северна Македонија ги спровела потребните реформи и е оценето дека фокусот кон нивната натамошна реализација е позитивен сигнал кон земјите членки на ЕУ, за цврстата определеност за усогласување со европските стандарди и вредности.

Соопштено е дека во следните месеци Западен Балкан повеќе од секогаш ќе биде во фокусот на Европската унија, како и дека проширувањето на ЕУ останува на врвот на европската агенда.

-Благодарни сме на поддршката и на пораките на политичките лидери на вашите земји дека одлуката за почеток на пристапните преговори со нашата земја треба да се донесе и што проширувањето на ЕУ се држи високо на агендата на европските институции, рече премиерот Спасовски.

Претседателот на Владата, на состанокот со амбасадорите, јасно ги соопшти владините приоритети.

-Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да се обезбеди континуитет на функционирањето на институциите, на владеењето на правото и демократијата, организирање фер и демократски избори.

Врвен приоритет на Владата е и почитувањето на Преспанскиот договор со Република Грција и на договорот со Република Бугарија и истакнувам дека остануваме посветени на добрите односи со сите соседи, рече премиерот Спасовски.

На средбата беше констатирано дека носењето на Законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

Нагласено е дека во важните моменти за државата е недозволиво политиканство од кој било претставник на извршната власт или од политичките субјекти и дека е неопходно, сите во земјава, државните приоритети да ги стават во прв план.

Состанокот на претседателот на Владата, Спасовски, со резидентните амбасадори од земјите членки на ЕУ во нашата држава е поздравен како значајна порака за определбата на Владата да продолжи одблиску да соработува со државите членки на ЕУ и со институциите на Европската унија, во време на очекувањето на заслужениот исчекор во европските интеграции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Адвокатот на Јовановски: Доктор прдлага тој да прави операција, а се проверува и дали има карцином

Објавено пред

Адвокатот Сашо Дуковски ги прашуваше судиите каде е лекот за Бојан Јовановски, откако претходно повтори дека неговиот клиент треба да излезе од притвор бидејќи неговата здравствена состојба е лоша. Дуковски потенцираше дека абдоменален хирург предлага Јовановски да прави операција, а земен му е и материјал за да се провери дали има карцином.

„Абдоменален хирург даде предлог за операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим од субспецијалист, абдоменален хирург. Затворскиот лекар вели дека треба строг хигиено-диететски режим, поради новонастаната ситуација, односно чировите кои се зголемуваат поради неадекватен третман. Земен му е материјал да се види дали е станува збор за карцином. Денеска Јовановски повторно повраќаше, нон-стоп повраќа. Татко ми мој почина од нелечен чир, кој се лечи со антибиотик, кој пак, не го зема. Затворскиот лекар исто така пишува ‘Веднаш да се постапи со хигиено-диететски режим’. Ова не го пишуваат бидејќи им е симпатичен Јовановски”, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски во текот на образложението кое го даваше пред судот, постојано повторуваше дека неговиот клиент мора веднаш да има хигиено-диететски режим.

„Мојата реторика се однесува во еден и единствен правец, само да му укажам на судот дека не може десет субспецијалисти и најмалку двајца затворски лекари, да предлагаат операција, да предлагаат хигиено-диететски режим веднаш, а тој е во затвор каде е во ќелија со други затворени лица, место кое е расадник на бактерии. Вака понатаму не може да продлжи, не може во една постапка странките да не бидат еднакви”, посочи Дуковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за законот за ЈО: Не прифаќам и не преговарам за амнестирање криминал

Објавено пред

Хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи го предлог-законот за Обвинителството како антиуставен и во спротивност со кривичното право.

„Носењето квалитетно законско решение би значело решение по кое Зоран Заев и неговата екипа ќе треба да одговараат и да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери. Токму затоа последниот што има интерес во државата од квалитетно законско решение за Јавното обвинителство е Заев. И затоа се толку силно фокусирани кон опструкции, кон кочење за носење квалитетно законско решение, но и наметнување предлог-закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта преку целосна контрола врз Обвинителството“, рече Мицкоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ врз основа на интерно спроведената анализа, но и екстерни консултации со експерти, изработило забелешки кон она што сега го предлага СДСМ и целта е да се направи вистински реформски закон.

„Повторно предлагаат формирање посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста привилегирани обвинители, а на штета на обвинителите во редовното Обвинителство. Предлагаат закон што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски“, рече Мицкоски пред новинарите.

Според него, со овој закон практично во тек на постапка се сака да се озакони она што незаконски беше направено, односно преносот на процесите од СЈО во редовното ЈО.

„Да бидеме на јасно, закон со кој ќе се амнестира криминал ниту преговарам ниту прифаќам. Ова не е закон што треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон, со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјата од европскиот пат“, заклучи Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ2 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет2 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија4 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет4 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија5 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион5 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет6 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија18 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија22 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија23 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ23 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија24 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Досие