Македонија
ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава од попладнево до крајот на викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава.
Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од западниот дел на земјата кон Повардарието и кон североистокот и ќе премине и преку скопската котлина, информираат од УХМР.
Изолирана нестабилност ќе има и во вечерните часови. Преку ноќта облачност особено на истокот че се намали.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на циклонска активност и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
Во Скопската Котлина утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невремем а од понеделник нестабилност ќе се намали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа декада, шансата е сега

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне веднаш преговорите.
-И Србија и Црна Гора имаат слични преговарачки рамки. Тие преговараат повеќе од пет години и јас мислам дека би можеле и ние да ја завршиме домашната задача до крајот на оваа декада. Шансата е тука и не треба да ја пропуштиме – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог.
Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, а ВМРО-ДПМНЕ изнел и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.
– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, односно постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.
Вицепремиерот посочи оти ги објасниле механизмите за заштита на нашиот национален идентитет пред пратеничките групи.
– ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови кои ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијанса за Албанците, како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите – додаде тој.
Македонија
Николоски: Бараме македонски јазик без никакви дообјаснувања и почеток на преговори без промена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ изнесе неколку идеи во однос на преговарачката рамка на средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници на која се разгледуваше францускиот предлог, но не и билатералниот протокол кој се уште не е дефиниран и потпишан со Бугарија.
Првата точка во која што ВМРО-ДПМНЕ интервенира е точка три од општиот став каде што бара реченицата „ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“ да се избрише.
– Ова го бараме затоа што сметаме дека македонскиот јазик е самостоен, независен и нема што Бугарија да дава мислење во однос на македонскиот јазик кој што ќе станува дел од документите на ЕУ, и предлагаме јасно да пишува дека документите на ЕУ и сето останато во преговорите ќе бидат на македонски јазик. Значи велат јасна формулација за македонскиот јазик, ова е јасна формулација за македонски јазик, македонски јазик без никакви изјави – рече Николоски по средбата.
Втора работа која ја бара ВМРО-ДПМНЕ е во точка пет од преговарачката рамка да се брише последната алинеја, која што го вклучува договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017та година како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според членот 12.
– Во точка пет се ставени критериумите според кои што Македонија ќе напредува за сите држави тоа се Копенхашките критериуми и договорите за стабилизација и асоцијација, само за Македонија се додаваат билатералните договори и специјално членот 12 во кој што е предвидено дека Бугарија ќе има контрола врз нашата историја, нашите учебници, нашето образование и нашата самоидентификација, тоа не можеме да го прифатиме и затоа бараме да се избрише.
Понатаму, во преговарачката рамка бараме во точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“ односно поедноставно кажано да нема поделба на првата меѓувладина конференција и да не се условува со промена на Уставот, туку веднаш да започнат преговорите – истакна Александар Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ.
– Следно што бараме да се избрише е точка 13 од преговарачката рамка која што исто така го дели преговарачкиот процес. И финално точка 14 од преговарачката рамка во која што пишува дека „во таа насока го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана согласно членот 12 од договорот за добрососедство со Бугарија, овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионална соработка кои што остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот од стабилизација и асоцијација“, предлагаме да се избрише условувањето со усвојување на протоколот и следни протоколи кои што би ги имала Македонија со Бугарија, затоа што тие протоколи се уценувачки за Македонија и во истите се бара ревизија на македонската историја, македонската култура и самобитност – рече Николовски.
Македонија
„Никоб лаб“ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

„Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.
Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а
- ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
- Седиментација на еритроцити
- Крвна слика со диференцијална крвна слика
- УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
- ГЛУЦИДЕН СТАТУС
- Глукоза во серум (гликемија)
- ЛИПИДЕН СТАТУС
- Вкупен холестерол
- Триглицериди
- ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
- Уреа во серум
- Креатинин во серум
- ЕНЗИМСКИ СТАТУС
- AST аспартат аминотрансфераза
- ALT Аланин аминотрансфераза
- ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
- Железо (Fe)
- Тест за бременост ß HCG во серум
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б
- ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
- ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
- ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
- СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в
- ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
- ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ
Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги
За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017“.
(ПР текст)