Контакт

Крвав четврток

Чавков е избран за најголемиот црн ѓавол, а другите двајца се ослободени, рече адвокатот на ексдиректорот на БЈБ

Објавено пред

По паузата во кривичниот суд во Скопје, продолжи изнесувањето на воведните зборови во судењето за крвавиот четврток за настаните во Собранието.

Адвокатот на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков и на Богдан Илиевски, Сашко Дуковски, рече дека неговите двајца клиенти не се виновни. „Тие се невини и додека јас сум им бранител, со правни аргументи ќе го докажеме тоа“, рече Сашко Дуковски. „Како е можно еден ист настан да има различни епилози? Има наредба за истрага 7 месеци по настанот“, рече Дуковски. Според него, сите кривични дела за кои судот изрече пресуди, за учество во толпа што ќе стори кривично дело, насилство и обид за убиство, се бенигни во однос на обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, и обвинетите се ставени во нерамноправна позиција. „Не може да има различен третман“. Дуковски рече дека претседателот на Собранието бил избран, па праша за кое оневозможување да биде избран, се товарат во обвинението.

Тој смета дека нема дејство на извршување во обвинението и дека на Чавков му се импутира директна умисла за делото врз основа на лист хартија, кое е Упатството во МВР според кое ексдиректорот на БЈБ требало реагира. Според адвокатот на Чавков, кој цитираше одредби, одговорност има само за Чавков, а не и за останатите лица кои имале законска можност да реагираат.

„Како Чавков е избран за најголемиот црн ѓавол, а другите двајца кои имале командна одговорност се ослободени?“, праша адвокатот на Чавков и додаде дека за акција требало писмено барање од сребрената команда и наредба од началникот на централните полициски сили.

Според записникот од кризниот штаб на МВР, тогашниот министер Агим Нухиу, дошол во штабот во 19:25, а Чавков во 20:08 часот, рече адвокатот: „И сега што? Тоа ли е вината?”. Дуковски рече дека полицијата во Собранието била испратена со потпис на Чавков.

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска...

Свет44 минути

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 час

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 час

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет14 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет14 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион14 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион15 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет17 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет18 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион22 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ23 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет24 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Досие