Контакт

Крвав четврток

Честите рочишта за 27 април се неефикасни и штетни за обвинетите, смета Коалицијата „Сите за правично судење“

Објавено пред

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok

За четири месеци се закажани 55 рочишта за упадот во Собранието на 27 април. Ваквата динамика на судењата се неефикасни и за одбраната и за обвинителството, а се на штета на обвинетите, смета Коалицијата „Сите за правично судење“.

„Коалицијата ‘Сите за правично судење’ ја истакнува својата загриженост по однос на динамиката на движење и траење на судските расправи, а која конкретно кулминираше на рочиштето во предметот поврзан со настаните од 27ми април 2017 година кое се одржа на ден 06.09.2018 година во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, со почеток во 12:00 часот и траеше до 21:30 часот истиот ден. Со пролонгираното времетраење на рочиштето, а по завршувањето на работното време на судот и неговото траење од 9 часа и 30 минути сметаме дека се постапува на штета на обвинетите во постапката со тоа што се врши повреда на нивното право на адекватно време и простории за подготовка на одбраната. Ова од причина што на обвинетите им се оневозможува правото на ефективна комуникација со бранителите, во насока на отсуство на разумно и доволно време за подготовка на соодветна одбрана“, велат од таму.

Имајќи го предвид фактот, додаваат од Коалицијата, дека на ова рочиште беа изведувани докази на јавното обвинителство до 21:30 часот, а во текот на следниот ден за кога е повторно закажано рочиште по овој предмет во 10:00 часот, на кое што ќе се продолжи со изведување на доказите на јавното обвинителство, одбраната не е во можност во траење на 12 часа и 30 минути помеѓу двете рочишта да ја подготви својата стратегија и да овозможи соодветна одбрана. „Ова е деликатна ситуација, особено имајќи го предвид фактот што најголемиот дел од обвинетите се во притвор каде што комуникацијата со бранителите и онака е отежната поради логистички и технички услови“, велат од Коалицијата.

Дополнително, додаваат од таму, истото прашање може да биде поставено и низ призмата на другите учесници на постапката, односно колку ефикасни можат да бидат јавните обвинители при застапување на обвинението, како и колку квалитетно судечкиот совет може да го следи текот на расправата.

„Коалицијата, ја изразува својата загриженост бидејќи ова е втор предмет со ваква динамика на движење пред истиот судечки совет, а веќе има и насрочени интензивни рочишта до крајот на јануари 2019 година. Во наредниот период се насрочени 10 рочишта за октомври, 17 рочишта за ноември и по 14 рочишта за декември и јануари“, се вели во соопштението.

За компарација, од Коалицијата го наведуваат судскиот предмет „Диво Насеље“ чија динамика била умерена и во рамките на работното време на судот. „Овој процес се одвиваше со динамика од две рочишта неделно во просек, а истиот заврши за две години, па оттаму Коалцијата не гледа причина за толку интензивно насрочување на рочиште за предметот поврзан со настаните од 27 април“, се вели во соопштението.

Од Коалицијата го цитираат Членот 6 од Европската конвенција за човекови права кој упатува на минимални утврдени права на секој обвинет во постапката, помеѓу кои предвидено е и обезбедување на адекватно време и услови за подготвување на одбрана. „Овој член не се однесува само на подготвувањето на одбраната во претходната постапка (фаза на истрага), туку истиот се однесува и на можноста одбраната да биде подготвена за било кое дејствие кое е предвидено да се преземе на главната расправа, особено во фаза на доказна постапка во предмети каде се предложени голем број на материјални докази и сведоци.

„Предупредуваме на фактот дека е неопходно да се зголеми внимателноста при постапувањето на судот во секој сегмент од постапката, особено ако интенција е задржување на кредибилност на целокупниот судски процес и поставување на стандарди за објективност и еднаквост за сите, согласно меѓународните стандарди за фер и правично судење. Оттаму, Коалицијата уште еднаш се повикува на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, поточно на начелото на судење во разумен рок, кој рок е релативен согласно на големината на доказниот материјал и инволвираните лица. Овој рок не подразбира судењата само да се одвиваат со голем интензитет и брзина на постапката, туку предвидува разумно време кое би било доволно брзо, но и доволно долго со цел да се овозможи адекватна подготовка на сите учесници во постапката“, заклучуваат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Крвав четврток

Адвокатот на Ќосето: Горанчо за ништо не е виновен, со својот живот го бранел уставниот поредок

Објавено пред

Обвинителството не само што не го докажа обвинението туку сите посведочивме дека лицето Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото дејствување нема ниту едно дејство со кое би се направило терористичко загрозување на уставниот поредок и поради тоа, од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник, односно ослободителна пресуда, која би била и единствена исправна за случајот, рече адвокатот на Горанчо Ангелов – Ќосето, Драган Пешевски, во завршните зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието.

„Овој човек до мене, Горанчо Ангелов, во своите средни години, не е осудуван, татко е на 3 деца, од кои 2 малолетни, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ, сметате ли дека е терорист?“, запраша Пешевски.

Завршните зборови на адвокатот на Ќосето беа во насока на обвинението, кое неколкупати беше променето од страна на Јавното обвинителство за на крајот да заврши со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пешевски истакна дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието бидејќи воопшто не знаеле дека тоа се планира. Според него, обвинетите решиле да преземат дејства бидејќи слушнале дека во парламентот се пее албанската химна.

„Во обвинението стои дека целта била спречување избор за претседател на Собранието. Како може тоа да е вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречен“, рече Пешевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, доби нови 30 дена притвор

Објавено пред

Нови 30 дена притвор му одреди кривичниот суд во Скопје на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, потврдија оттаму за „Макфакс“.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, некои од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица.

Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој, пак, два дена пред Нова година беше пуштен во куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Сведок С1: Ченто ми кажа дека зад пучот во Собранието стои Никола Груевски

Објавено пред

Обвинителката Вилма Рускоска при изрекувањето на завршните зборови за судењето на 27 април парафразира дел од сведочењето на загрозениот сведок С1, на кое јавноста беше исклучена.

Сведокот С1 на главната расправа навел дека Јане Ченто, меѓу другото, бил постојано во комуникација со ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, од кого добивал насоки во случај на влез во Собранието да се онеспособат камерите и насоки каде може да се наоѓаат пратениците што се цел на нападот.

„На 27 април 2017 година Јане Ченто и Нинџа имале состанок и постојани комуникации со обвинетиот Митко Чавков на кого му биле лути бидјеќи тој директно ги организирал за нападите во Собранието, а под директива на Никола Груевски, а сега ги оставиле на цедило за на крајот да изјави дека Јане Ченто му кажал дека во заднината во организацијата на пучот стои Никола Груевски“, рече Рускоска.

Обвинителката рече дека Ченто и Чавков комуницирале на „Вибер“. Ова е првпат на директен начин сведок да спомене дека експремиерот и бегалец, Никола Груевски, стои во заднината на крвавиот четврток.

Обвинителството побара да бидат осудени сите 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а еден за помагање. На 4 февруари ќе почне изрекувањето на завршните зборови на одбраната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија12 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија15 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија19 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет20 часа

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија21 час

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет22 часа

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија2 дена

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија2 дена

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија2 дена

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија2 дена

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија2 дена

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија2 дена

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет3 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Досие