Контакт

Македонија

Честитки од Трамп, кралицата Елизабета, Путин, Си Џинпинг, Ердоган за Денот на независноста

Објавено пред

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, писма со честитки до претседателот Пендаровски испратија повеќе светски лидери, меѓу кои и претседателот на САД, Доналд Трамп, кралицата на Обединетото кралство, како и претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во име на американскиот народ, честитајќи го Денот на независноста, 8 Септември, вели дека оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија, но и покрај овој огромен предизвик, Северна Македонија безбедно и транспарентно одржа демократски избори во јули, а нашата земја останува посветена на унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот.

„Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак. Соединетите Држави се горди што се ваш сојузник и ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција и вашиот пат кон членство во Европската Унија“, стои во честитката од американскиот претседател.

Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета II со посебно задоволство го честита државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија.

Кралот на Холандија, Вилем Александер, во честитката упатува желби за благосостојба на граѓаните на Северна Македонија. „Додека ја одбележуваме оваа пригода, сакам да истакнам дека пандемијата на КОВИД-19 претставува невиден предизвик за сите нас. Ви посакувам вам, на вашата влада и на граѓаните на Северна Македонија сила, храброст и здравје, бидејќи заедно ги продолжуваме напорите за надминување на коронавирусот, стои во честитката од холандскиот крал.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во честитката посакува добро здравје и успеси, а на сите наши граѓани мир и добробит.

„Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот“, пишува во честитката од рускиот претседател.

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џипинг, упатувајќи честитки по повод Денот на независноста, истакнува дека односите меѓу двете држави се стабилни и со практична соработка во различни области се движат во нагорна линија.

„Од појавувањето на КОВИД-19, нашите две земји и два народа се поддржаа едни со други за да се борат против епидемијата солидарно и го продлабочија нашето традиционално пријателство. Јас придавам големо значење на развојот на односите Кина – Северна Македонија и подготвен сум да соработувам со вас, да промовирам билатерални размени и да ја збогатам суштината на нашите односи со заедничка надградба на „Еден појас – еден пат“ и соработката меѓу Kина и земјите од Централна и Источна Европа како платформа, со цел да се постигне поголем развој на нашата пријателска соработка во новиот историски период, а за бенефит на нашите две земји и два народа“, пишува во честитката кинескиот претседател.

Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, честитајќи го Денот на независноста, во честитката ја искажува неговата, како и солидарноста на францускиот народ кон македонското население кое, исто така, е погодено од пандемијата со Ковид-19.

„Ви ја упатувам и мојата срдечна благодарност за помошта при репатријација на француски и европски државјани на почетокот на кризата. Европската Унија, одобрувајќи повеќе од 3 милијарди евра за помош на земјите од Западен Балкан со соочувањето со оваа криза без преседан, ја покажа својата целосна посветеност за овој регион“, пишува францускиот претседател. Претседателот Макрон во честитката посакува билатералните односи да продолжат да се зајакнуваат, додека француската стратегија за Балканот предвидува засилена поддршка на Франција за економски и социјален развој на регионот, благодарение на претстојните активности на Француската агенција за развој во Северна Македонија на поле на трајниот развој. „Оваа 2020 година беше важна етапа во евро-атлантското приближување на Северна Македонија, која стана 30-та членка на Атлантската Алијанса, на 27 март 2020 година. Ја поздравувам одлуката од 25 март на Советот на Европската Унија за отворање на преговорите за членство на вашата земја. Бидете убеден дека ја имате целата моја поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. По одлуката на Советот од 25 март, посакувам што побрзо да се утврди преговарачката рамка. Франција ќе следи дали истата сооодветно ја одразува новата методологија за проширување и ќе продолжи да ги поддржува неопходните реформи за постигнување напредок на Северна Македонија кон Европската Унија, особено на поле на владеењето на правото кое е во сржта на европските вредности“, пишува во честитката од францускиот претседател.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во честитката вели дека блиската соработка и пријателските односи меѓу двете држави, кои се засноваат на моќните заеднички историски, општествени и културни вредности, со официјализирањето на членството во НАТО на Северна Македонија се зајакнати и со односот на сојузништво.

„Се надевам дека досегашните ваши успеси во насока на интеграција во ЕУ, во најскоро време ќе резултираат со членство во Европската Унија. Нашата земја која уште од самиот почеток ја поддржуваше Северна Македонија во интеграцијата со Европа и евроатлантските структури, за време на тешкиот период од соочувањето со пандемијата на КОВИД-19 низ кој минуваме, искажа напори за доставување на максимално возможна медицинска помош до нашата пријателска Северна Македонија“, пишува во честитката турскиот претседател, уверувајќи дека ефикасната соработка на билатерално ниво и на ниво на мултилатерални платформи и во следниот период ќе продолжи.

Претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу упати искрени честитки и срдечни желби за напредок, развој и просперитет на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. „Нашите билатерални односи влегоа во нова ера. Со нетрпение очекувам постојано проширување и продлабочување на тесната соработка и синергијата помеѓу нашите две земји во сите области од заеднички интерес, согласно Договорот од Преспа“. Грчката претседателка во честитката пишува за важноста од целосна и систематска имплементација на Договорот од Преспа што е во заеднички интерес на двете земји, како и во интерес на стабилноста и развојот на регионот, што сè уште се соочува со важни предизвици. „Би сакала да истакнам дека Грција цврсто го поддржува курсот за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, во согласност со правилата што важат за пристапувањето на секоја нова членка во Европската Унија и за добрососедските односи, пишува грчката претседателка изразувајќи очекување за конструктивна и тесна соработка за проширување и продлабочување на билатералните односи и партнерството, како што доликува на две соседни и пријателски земји.

Претседателот на Република Унгарија, Јанош Адер, во честитката пишува дека нашата земја може да биде горда што постигна важни пресвртници на патот на евроатлантските интеграции, како што се членството во НАТО и одлуката за започнување на преговори за пристапување во ЕУ. „Ве уверувам дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција“, пишува во честитката унгарскиот претседател и додава дека односите меѓу Унгарија и Северна Макеедонија се одлични и изразува надеж дека и понатаму ќе се зајакнуваат политичката, економската и културната соработка меѓу двете држави во иднина.

Претседателката на Швајцарската Конфедерација, Симонета Сомаруга во честитката по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, вели дека добрите односи базирани на доверба меѓу двете држави овозможуваат заедничко справување со големите глобални предизвици. „Со нетрпение очекувам да работам со вас за да ги надминеме овие предизвици. Вам и на граѓаните на Република Северна Македонија им посакувам среќа, просперитет и успех во иднината“, пишува во честитката швајцарската претседателка.

Честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, пристигна и од претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј во честитката пишува дека ги цени традиционално пријателските односи меѓу двете држави и изразува благодарност за поддршката на Северна Македонија на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Убеден сум дека заедничките приоритети на европската и евроатлантската интеграција се солидна основа за ефективно реализирање на постојниот потенцијал на нашата билатерална соработка. Користејќи ја оваа пријатна прилика, Ви посакувам, Ваша Екселенцијо, добро здравје и успеси во одговорните државни активности, а на пријателскиот народ на Северна Македонија – мир и хармонија“, се вели во честитката од украинскиот претседател.

Претседателот на Република Молдавија, Игор Додон, во честитката изразува задоволство од пријателските односи и соработка меѓу двете држави што динамично се развиваат, како и силната желба на неговата земја за развивање и јакнење на билатералните односи. „Мое убедување е дека успесите на вашата земја ќе станат важни одредници за продлабочена билатерална соработка“ пишува во честитката претседателот на Молдавија.

Генералната Гувернерка на Канада, Џули Пајет, во честитката по повод Денот на независноста, пишува дека и двете земји се посветени на евро-атлантските вредности коишто беа истакнати за време на средбата меѓу претседателот Пендаровски и премиерот на Канада, Џастин Трудо. „Канада ја поздрави Северна Македонија во НАТО во март, како 30-та членка на Алијансата и ние продолжуваме да ги поддржуваме вашите напори за напредок во процесот на пристапување во Европската Унија. Уверена сум дека ќе продолжиме да се придржуваме кон заедничките цели и наредната година, водени од нашите заеднички идеали и заеднички интереси“, пишува во честитката Генералната Гувернерка на Канада.

Генералниот Гувернер на Австралија, Дејвид Харли, во честитката изразува доверба дека пријателските односи меѓу двете држави ќе продолжат да просперираат во годината што следува. „Солидарноста на меѓународната заедница е поважна од кога и да било, за светските нации да работат заедно во справувањето со предизвиците од вирусот КОВИД-19“, стои во честитката од Генералниот Гувернер на Австралија.

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, писма со честитки до претседателот Пендаровски испратија и Неговото Кралско Височество Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, Престолонаследник, Заменик премиер и министер за одбрана на Кралството Саудиска Арабија, Кралот на Мароко, Мохамед VI, претседателот на Египет, Абдел Фатах Ал Сиси, претседателот на Палестина, Махмуд Абас, претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, претседателот на Монголија, Халтмагин Батулга, како и генералната секретарка на Меѓународната организација на франкофонијата, Луиз Мушикивабо.

Македонија

Едукативни работилници за рана детекција на рак на дојка, во рамки на програмата за прекугранична соработка со Грција

Објавено пред

Во рамки на проектот Health info, кој е дел од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020, во текот на изминатите две недели се спроведоа едукативни работилници за специјалисти радиолози и радиотехничари, со цел обезбедување напреден тренинг за најдобри практики во врска со испитувања и рана детекција на рак на дојка.

Едукативните работилници опфаќаат повеќе аспекти на дијагностиката, меѓу кои: значењето на техничкиот квалитет на мамографијата, улогата на ултразвукот во скринингот, протоколот за скрининг, техниките на снимање за рано откривање на рак на дојка, како и значењето на раната дијагноза како најважен фактор во успешното лекување на ова заболување, информираат од Министерството за здравство.

Учесниците на работилниците се доктори специјалисти по радиологија и радиoлошки техничари од Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, а едукатори се квалификувани и искусни доктори специјалисти по радиологија и радиолошки технолози од Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетскиот институт за радиологија . Покрај теоретски дел, работилниците се состојат и од практична работа во наведените институции.

Во рамки на проектот се набавени нов дигитален мамограф и ехо апарат во вкупна вредност од 140.000 евра, наменети за Клиничката болница Битола и Општата болница со проширена дејност Гевгелија, со кои веќе се спроведува пилот проект за скрининг на канцер на дојка (мамографија и ехо на дојка), како и скрининг на канцер на грло на матка (гинеколошки преглед, ехо и ПАП тест). На овој начин се добива можност за интегрирање на информациските системи меѓу овие болници и неколку здравствени институции во Грција, а воедно се унапредува комуникацијата со здравствените институции во Грција.

Инаку, овој проект се финансира од страна на Европската Унија која обезбедува 85% од финансиските средства,додека 15% од средствата се национално учество.

Целта на проектот е подобрување на системот на здравствена заштита во пограничните региони на двете земји (битолскиот и гевгелискиот регион), преку воспоставување на иновативен модел – унифициран електронски систем за размена на информации помеѓу двете земји.

Фокусот е да се опфати потешко достапната популација, како што се жени на возраст од 35-60 годиниво помалите рурални општиниво пограничниот регион со Грција,со цел да се адресираат нивните потреби,и истите да се вклучатво квалитетна превентивна програма за скрининг на канцер на дојка и канцер на грло на матка.

Раната детекција на овие болести овозможува поставување рана дијагноза и навремен и ефикасен третман, што во крајна линија има за цел намалување на стапката на морбидитетот и морталитетот предизвикани од овие болести кај наведената популација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

Објавено пред

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/21 година.

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година.

Листата на дадени согласности за организирање на настава со физичко присуство е поставена на веб страницата на владата на следниот ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Објавено пред

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус.

Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово (182), Тетово (174), Струмица (150), Кочани (149), Прилеп (128) и Гостивар (103).

Од скопските општини најмногу заразени има во Аеродром (109), Центар (96) и Карпош (83). Потоа, Гази Баба (80), Кисела Вода (79), Чаир (59) и Ѓорче Петров (50).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија15 минути

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија1 час

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови...

Свет12 часа

Трамп: Политичарите да се тестираат на дрога пред дебатите

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ќе побара неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден да се тестира за...

Економија13 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија13 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион14 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет15 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет16 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ17 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија18 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија19 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ20 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа20 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет21 час

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ22 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа23 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија2 дена

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа2 дена

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Досие